|
|
Примена на македонскиот фолклор во мултикултурна, мултиетничка Австралија (1 дел) |
Јанко ТОМОВ Поради поголема прегледност за дел од влијанијата на македонската култура, преку богатата ризница на фолклорот и народните песни ќе прикажам дел од активноста на фолклорната група од Нуса, Квинсленд, Австралија. За таа цел ќе ја користам мојата статија од “Грејп Вајн”-Винова Лоза, публикувана на англиски јазик во врска со свечено одбележаната прослава од 20 годишната плодна активност на “Нуса интернационална фолклорна група” на 10 мај 2014 година.
Свечено прославена 20 годишнината на “Нуса интернационална фолклорна група” во 2014Во свечено украсената сала на општината Тимбирва, близу Тивонтин и Нуса, во Квинсленд на 10 мај 2014 година од 13-17 часот се одржа прослава за 20 годишнината од основањето на “Нуса интернационална фолклорна група”, во организација и раководство на основачот на групата, инструкторката и кореографка г-ѓа Дени Макензи.
Покрај дел од своето членство, како гости, присуствуваа фолклористи од фолклорната група “Мандела” од блиското градче Намбо и поедини пријатели на фолклорот од Бризбен, Нов Јужен Велс и други места. На прославата присуствуваа повеќе од 50 фолклористи. Наизменично, Дени ги одбираше танците и ората, ги обучуваше учесниците и при целосната нивна изведба ги вклучуваше прекрасните песни на различни јазици од народи од Источна Европа и Балканскиот Полуоствров. Во придружба на игрите беше пријатно да се слушаат разновидни национални музички инстументи. При играњето со големо задоволство инструкторката Макензи даваше можност на своите избрани инструкторки да настапуваат со обука и изведување на свои кореографии кои ги играа сите присутни. Инструктори беа Лорејн од Нембо “Мандела”, Анита од Бризбен и Аника од Нуса, се` до 17 часот, со пауза на половина време за освежување и закуска со домашни специјалитети, слатки и сенвичи, со чај и кафе, што домаќинките ги зготвиле. Исто така, на свеченоста со соло настап, Ерика изведе “Џипси танц”, а инструкторката, гостинка од Вулонгонг, Нов Јужен Велс, изведе “Скотиш танц”.
|