|
|
На изборите во Косово ќе учествуваат и Гораните |
На вонредните парламентарни избори во Косово, закажани за осми јуни, свое учество пријавиле 31 субјект До законски предвидениот рок свои апликации за изборите доставија 31 субјект. Од нив 19 се политички партии, седум граѓански иницијативи еден независен кандидат и четири коалиции, изјави Мирадије Мавриќи, одговорна на Канцеларијата за примање на апликациите, додавајќи дека Канцеларијата ќе ги контролира сите податоци на политичките субјекти и до 20 мај треба до Централната изборна комисија да ги достави листите Како по традиција, според неа, пет минути до крајниот рок апликациите и кандидатските листи ги доставиле Демократската партија, движењето „Самоопределување“, Алијасата за иднината на Косово. Меѓу четирите коалиции е и коалицијата на Гораните (Македонци од областа Гора). За 120 пратенички мандати во трка се 2.113 кандидати. Мотото на Централната изборна комисија за изборите е „Силата е во твоите раце, гласај“, а истите ќе чинат 6,3 милиони евра. Во единствениот избирачки список, запишани се 1.786.929 лица со право на глас. Првпат парламентарни избори се спроведуваат и во северниот дел на Косово. Нова Македонија |