|
|
Aктивност за промоција на културата на малцинствата во Албанија под мотото „Покажи ја твојата култура“ |
Васил Штерјовски По повод 21 мај Светскиот ден на културната различност, министерството за култура на Албанија во соработка со Националниот историски музеј, под мотото “Покажи ја твојата култура” во просториите на Националниот историски музеј организираа активност посветенa на различните заедници и малцинствата кои живеат и работат во Албанија. Министерката Мирела Кумбарао се заблагодарува на учесниците за посветеното внимание и истакна дека оваа активност не се организира само формално или има врска со конвенциите со кои албанската држава со време е интегрирана, но дека е многу важно да ја чуваш различоста или културната различост на сите заедници во нашата земја, прво и основно е знак на еманципација како поединец или институција на Министерството за култура и имаме должност да ја поддржиме и промовираме вредноста и важноста што ја има. Од страна на Македонската заедница во Албанија на ова активност учествуваше Македонскиот културен центар "СОНЦЕ" од Корча, кој со видео инсерти ја претстави богатата духовна култура од Мала Преспа, пред се` народните песни, обредите и обичаите и "женско обредно пеење", создадено во далечното минато, кое се сочувало по пат на усно пренесување од генерација на генерација. На активноста се обратија и претставниците на мацинствата. Во своето обраќање претставникот на Македонците во Албанија, Васил Стерјовски се заблагодари на министерката за култура за организирањето на оваа активност, која е прва ваква активност организирана од страна на некоја албанска институција и која има за цел промовирање на културата на малцинствата и побара од министерката Мирела Кумбаро, министерството за култура да одреди посебен фонд за поддршка на културата на малцинствата. Оваа активност имаше за цел истакнување и унапредување на нематеријалното културно наследство на малцинствата, што е исто така еден од приоритетите на Министерството за култура за оваа област. Македониум |