|
|
Градоначалникот на Монтес ла Жоли со посебна благодарница за Сурловска |
Сузана Сурловска која подолго време живее во Франција преставува пример за успех. Како претседател на француско македонската асоцијација “Блаже Коневски“ помога во културната размена меѓу Франција и Македонија. За својата повеќегодишна активност на полето на афирмација на Република Македонија таа доби благодарница од градоначалникот на Монтес ла Жоли ( Mantes-la Jolie), Мишел Виали (Michel VIALAY). Градоначалникот на Мантес ла Жоли со посебна благодарница од 6 јуни 2014 година, во писмена форма ги наведува поединечните активности на претседателот на Француско-македонска асоцијација „Блаже Конески“, Сузана Сурловска. Во неа градоначалникот Мишел Виали со огромно задоволство го истакнува нејзиното ангажирање во заедницата и вели: „ Имам големо задоволство да Ви се заблагодарам за сите активности кои се спроведуваат во нашата општина. Навистина, многу сте присутни во животот на градот, особено сте вклучени во асоцијативниот живот на Мант ( Mantais) во три клучни области "да се живее добро заедно", за што посебно сте ценети на нашата заедница. Во областа на културата и образованието, прво, преку асоцијацијата “Блаже Конески“ на која и сте претседател, им овозможувате на младите Македонци во нашиот регион да научат или да ја откријат културата, фолклорот и јазикот на земјата од каде потекнуваат нивните родители, што е дел од процесот на интеграција во нашата земја, вклучувајќи го тука и вашето присуство на годишните состаноци "спортот и културата" за време на Изложбениот Саем во Мант ла Жоли (Mantes-la Jolie), секоја година како град домаќин. Во хуманитарни цели, исто така, важно е вашето учество на Телетон, и придонесот во осетливиот хуманитарен домен. Благодарност и на вашата поддршка, исто така, за развој на интергенерациски односи, која преку вашите акции како Генерален секретар на асоцијацијата "Еден покрив за вас", промовира грижа и сместување на студенти кај постари лица, кои имаат потреба од сместување во близина на Институтот за технологија L’ IUT Mantes En Yvelines. Исто така, за сите овие акции, сакам да ви честитам топло и искрено во име на сите од Мант. Инаку, како дел од активностите на македонската асоцијација, Сузана Сурловска секоја сабота наутро, држи курсеви по два часа на кои преку практични вежби на децата им ја открива култура, фолклорот и јазикот на земјата од каде потекнуваат нивните родители. Така децата ги прошируваат своите хоризонти, стануваат побогати со знаење кое ги прави блгородни и стануваат способни да се интегрираат во заедницата. Истовремено тие го збогатуваат својот речник и го сочувуваат македонскиот јазик од заборавот. Магијата на нејзината работа е во тоа што таа прави тие да можат да се разбере едни со други на нивниот мајчин јазик, и тоа е вистински предизвик за комуникација и меѓусебна размена. Сузана Сурловска, мајка на две деца, која доаѓа во Франција во 2001 година, почнала да работи како асистент во средно образование, што не било секогаш е лесно. Денес таа е мошне активна и станува пример за успешна жена. Освен што работи во Канцеларјата за информации за младите, таа пишува книги за деца од училишна возраст за македонскиот свет, за неговата култура и работи на разни други проекти. А токму зборот „размена“ на културното богаство е клучот за разбивање на стереотипите и успешна интеграција во општеството, што истовремено пак придонесува и за афирмација на Република Македонија. |