Среда, 25 Јуни 2014   
Илија Христодулов, нов претседател на Заедницата на Македонците во Република Хрватска

ilija-hristodulov

Досегашниот претседател на ЗМРХ, Орце Ламбевски поднесе неотповиклива оставка поради значително зголемени работни обврски на приватен план

На 17 мај 2014 година во просториите на МКД „Илинден“ во Риека се одржа Редовното Собрание на Заедницата на Македонците во РХ, на кое присуствуваа и ценетите гости амбасадорката на РМ во РХ, Даниела Караѓозоска и заменикот на претседателот на Координацијата на советите и претставниците на МНМ во РХ, Михаило Давчевски. Собранието го отвори претседателот на Заедницата Орце Ламбевски, кој со пригоден говор ги поздрави присутните и ѝ даде збор на амбасадорката. Таа се заблагодари на поканата и изрази жалење што Орце Ламбевски дава неотповиклива оставка на функцијата претседател на Заедницата, упатувајќи му благодарност за доброто вршење на функцијата и одличната соработка со Амбасадата на РМ во РХ, а на присутните им посака успешна и конструктивна работа на седницата. Потоа претседателот Ламбевски го прочита поздравното писмо упатено од свештеникот на МПЦ во РХ, протојереј Кирко Велински, кој беше спречен да присуствува на Собранието.

Со утврдувањето кфорум за донесување на правно важечки одлуки, седницата продолжи по усвоениот дневен ред. Претседателот Ламбевски ги поднесе Извештајот за работата и Годишниот финансиски извештај на Заедницата за 2012 и 2013 година, како и се` она што беше извршено во текот на неговиот мандат. Во врска со неговата оставка, тој рече дека поради значително зголемени работни обврски на приватен план, веќе не е во можност квалитетно да ја извршува оваа функција и затоа ја препушта на некој друг што ќе може да ја преземе таа одговорност и достојно да ја извршува функцијата претседател на Заедницата, со тоа дека тој и понатаму ќе биде достапен за секој вид на соработка.

Претседателката на Надзорниот одбор, Виолета Штерјова, го поднесе Извештајот за извршената контрола на финансиското и општото работење на Заедницата за 2012 и 2013 година. Се расправаше и за Планот и програмата за работа и Финансискиот план на заедницата за 2014 година. Сите Извештаи и планови беа усвоени од делегатите на Собранието. Од одржувањето на минатото Собрание дојде до промени на претседателите во МКД во Риека и во Осиек.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.