Среда, 25 Јуни 2014   
Од патувањата низ Бугарија (3)

slave-katin

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА” ОД СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

ВО ГРАДОТ НА ВАПЦАРОВ

Целта на нашето патување беше градот Разлог кој го посетивме во делник напладне, кога летото се чувствуваше со сета силина и убавина. Затоа, во градот владееше мртвило: многу продавници беа затворени. Седнавме во еден ресторан за да го почувствуваме мирисот на пиринската кујна. Од кога се нагостивме, направивме куса кружна прошетка низ градот и се упативме кон Банско.

Банско е сместено на јужната страна на Разлошката Котлина под падините на Пирин Планина. Распослано е на двете страни на реката Глазне. За првпат се спомнува во турски документ од 1576 година, а силен растеж и процут доживеал во втората половина на XVIII век, кога станал познат трговски центар за тој дел на Македонија. Караваните на банскалиите, како што обично ги нарекувале жителите на ова питомо место, секојдневно тргнувале кон Белград, Дубровник, Виена, носејќи го надалеку познатиот по квалитет бански тутун. Исто така, афионот стигнувал до европските пазари. Меѓутоа, за тоа време особено на добар глас биле предметите изработени од дрвјата од витите стебла на белиот и црниот бор што виреат на просторите на убавата, богата и висока Пирин Планина.

Македонците од Банско по многу нешта се специфични луѓе, со особено задоволство ќе ви говорат за Банско и Пирин, за богатствата што им ги оставила историјата. За она што нивните предци го вградиле во македонската национална историја. Горди се поради тоа што во последната деценија на XIX век, или поточно во 1896 година, во Банско допатувал Гоце Делчев како учител на македонските деца.
Беше пладне кога пристигнавме на широкиот плоштад во Банско. Десно е Културниот дом, а до него нанижани неколку продавници и кафеани во стилот на старата банска архитектура. Градени се, главно, од камен. Лево е куќата на Елена и Јонко Вапцарови, во која детството и дел од младоста поминал големиот македонски, бугарски и интернационален поет Никола Јонков Вапцаров. Предниот дел е претворен во музеј. На мермерната плоча, поставена на споменикот, забележани се зборовите изречени од големиот поет: „Да умреш кога земјата се дели од својата вемла, кога милиони се раѓаат... тоа е чест, да, тоа е чест...“ И од бронзата извира питом поглед и поетски жар. Се поклонуваме пред споменикот на Вапцаров. Перчето бујна руса коса му паѓа врз слепоочницата на овој интернационален поет и чиниш поигрува галено од питомото ветре што се задава откај врвовите на Пирин.

Музејската поставка во куќата-музеј впечатливо говори за животот на поетот, за неговото творештво и за трагичниот крај во тунелите на софиското стрелиште, откако претходно беше осуден на смрт со стрелање, заедно со неговите сонародници, соoбраќа и соборци, македонските патриоти Антон Попов и Атанас Романов. Се присетивме на средбата со неговата мајка Елена. Како тогаш да ги слушнавме нејзините зборови во кои беше измешана и тагата и радоста. Црната шамија ѝ ги скриваше белите коси, а длабоко од неа извираше гордоста што е мајка на такво чедо.

Ја напуштивме куќата музеј на Вапцаров и кинисавме да чекориме по калдрмисаните улички на Банско. Во ова пиринско-македонско планинско гратче, куќите се градски, убави, молерисани со млечно бела боја, а луѓето се љубезни, горделиви, разговорливи и мошне пријатни. Слушнавме дека семејното гнездо е свето катче, а чесноста е нивната одлика. Тие бесконечно ги почитуваат белезите на традицијата и своите корени, а со посебно чувство го негуваат македонско-пиринскиот фолклор. Песната и песнопојноста им е знак за распознавање меѓу Пиринците…

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.