Среда, 02 Јули 2014   
Од патувањата низ Бугарија (4)

slave-katin

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА” ОД СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

ОД КРЕСНА ДО СТРУМА

Над Петрич се издига Пирин Планина која е чудна и волшебна, а во исто време е неизмерно питома и безгранично дива. Таа е опевана интернационално од девојки и од невести, од поети и од комити. Додека се спуштаме кон водите на реката Струма, со мислите се вратив ме во минатото. Се потсетивме на страниците од времето на македонската револуција, од времето кога Пирин Планина во своите зелени пазуви ги прибираше и чуваше четите на комитите од Банско, Белица, Разлог, Неврокоп, Мелник, Петрич… А реката Струма е се` така бучна и пенлива. Удира во карпите и рие низ коритото, пробивајќи се низ Кресненската Клисура. Лево и десно, суви назабени ридишта. Погледот се впива во уште едно обележје. Наидуваме на споменикот на загинатите борци во Кресненско-разлошкото востание во 1878 година. А горе се извишуваат врвовите на Пирин Планина и легендарниот Елтепе, опеан, овенчан и овековечен во песните на Никола Вапцаров и на други знајни и незнајни поети и патеписци.

Патувањето го продолживме кон Кресна, еден од најмалите градови во Пиринска Македонија. Тука, напладне и попладне човек има чувство дека целокупниот живот се одвива само на еднау лица, која во должина од неколку километри, слично како во Гевгелија, влегува од северната страна на гратчето, оди паралелно со железничката пруга по реката Струма и се губи на излезот од населбата.

Кресна,чие поранешно име беше Гара. Пирин е мала населба во која се згнездиле неколку илјади жители. Населбата е распослана на двете страни на реката Струма, јужно од Кресненската Клисура, од каде се шири плодното Пиринско Поле, додека старото село Кресна се наоѓа во прегратките на Пирин Планина. Ова мало место е особено познато по големото и значајно Кресненско-разлошко востание од 1878 година, кога македонскиот народ се кренал на вооружена борба за слобода и човечки права ипротив неправдите што му беа нанесуван и под ропството во Отоманската Империја.

Нашето патување го продолживме кон градот Сандански (поранешен Свети Врач). На половина пат за Сандански ес местено селото Струмјани, низ кое минува главниот пат, а е распослано на двете страни на реката Струма. Тоа е едно од поголемите села во Пиринска Македонија. Во него живеат околу три илјади жители. Името го добило од славјанското племе Струмјани, кое, главно, живеело по течението на реката Струма и околните места.

На патот, пак, кон градот Сандански – пирински убавец, како што често го нарекуваат, од далечините ги гледавме станбените згради лоцирани на една височинка, чиј број се зголемуваше со самото приближување. Влеговме во Сандански, чија популација брои околутриесет илјади жители и се движиме по живописниот булевар во чија средина има зимзелени дрвја кои ја разубавуваат глетката и градот го прават пријатно катче за посетителите. Тука го видовме споменикот на Спартак. Како што не` информира еден нашинец, со кого се сретнавме во центарот на градот, според еден германски научник долината на реката Струма меѓу Пирин и Малешевските Планини е место од каде што потекнува овој водич на робовите, за кого се напишани многу легенди. 

Во еден од рестораните лоциран на плоштадот минавме неколку пријатни часови. Таму имаше еден стар чинар кој не потсети како на оној во Охрид. Градот е доста чист, а се градат и многу нови куќи. Големо богатство за Сандански се минералните извори кои течат од памтивека. Нив ги има повеќе: едни во Градскиот парк, а други на десниот брег на реката Санданска Бистрица, чија температура достигнува и над 80°C, а има и лековита кал. Градот Сандански со околината е едно од најтоплите и најсончевите места во Пиринска Македонија. Овде многу ретко врне снег и речиси никогаш не паѓа магла и, поради поволните климатски услови и природните бањи, тука се лекуваат хронични и бронхијални болести.

Сандански го напуштивме во попладневните часови и се упативме на југ кон селото Лешинца. По дваесетина минути возење стасавме на раскрсницата каде што се свртува кон исток на асфалтниот пат што води кон селата Ново Делчево и Леуново, а натаму се минува низ селата Статово, Џотово и Лозеница, кои како да се нанижани на патот за Мелник.

Продолжува

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.