До сите македонски иселенички организации и асоцијации Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ги поканувасите иселенички организации да бидат дел од Петтата и најголема досега годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 23 и 24 јули 2014 година во Скопје во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи.
Исто како и минатата година и оваа годинаАгенцијата за иселеништво очекува Конференцијата да биде отворена од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски.
Пријавете го вашето учество до 15 јули 2014 година. Дневен ред на Конференцијата: 1. Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи 2. Државјанство и избирачко право 3. Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и организирање на форуми на иселеници според одделни професии 4. Остварување на пензиско право на иселениците 5. Завршни дискусии (прашања и одговори) со пратениците од дијаспората 6. Свечено затворање на Петтата годишна конференција на иселенички организации и доделување на одликувања и признанија "Македонија памти" за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништво, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување од страна на Претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорге Иванов Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ги замолува сите иселенички организации присуството на претставниците да го потврдат во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2014 година. Доколку претставниците имаат интерес за свои излагања по наведените теми, да ги најават до наведениот датум. e-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или тел: 00389 23118 633 - факс 00389 23118 539 |