Среда, 30 Јули 2014   
Идеи

milena-georgievska
Милена Георгиевска – главен уредник на списанието „Македонски Глас“ - Хрватска

За идеите се бореле нашите предци, за идеите се гинело и се гине, за нив се застапуваме и ние сега. Ги учиме нашите деца да им се раѓаат идеи. Во основа, секоја идеја има соодветна смисла. Колку е таа оправдана или не, оценуваат другите.

Како најголема морална вредност во идеите се наметнува доброто. Да се биде добар е особина која му одговара на човекот. А човечноста е должност на секој поединец и услов за добар живот. Тоа подразбира соработка со другите, дијалог, љубов и достоинство на личноста. Да му помогнам на некого – добра идеја! Да ни помогнат нас, исто така е добра идеја.

Сократ тврдел дека човекот мора да знае што е добро, за да може така и да постапува. Платон ја гледал добрината како врховна идеја кон која сите тежнееме.

И идејата за формирање на ЕУ, настаната по Втората Светска Војна, имала за цел на Европа да и` донесе мир, стабилност и напредок. Во фундамент како добра идеја. За реализирање на одредена идеја понекогаш е потребен трновит пат, долго време, многу одрекувања. Во таква ситуација се најде Република Македонија која е влезена во лавиринт и никако да го пронајде патот до евроатланските интеграции. Но, не затоа што не може, туку затоа што други не и` дозволуваат.

Е сега, лично и најмоќната жена на светот, германската канцеларка Ангела Меркел ќе ни го крои името за да се најде решение за Република Македонија во спорот со Грција. За да излеземе од лавиринтот. Добра идеја!

Но, овде се наметнува прашањето уште колку ли време само ќе не` тапкаат по рамо? И да се најде вистинско решение кое нема да ни го згазне достоинството. Затоа што Македонци можат да бидат само Македонци и ништо друго.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.