Среда, 03 Септември 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (11 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Секако дека постојат уште огромен број сведоштва кои докажуваат дека Македонците не биле никакви Грци, кои во интерес на просторот, ќе ги оставиме за друга прилика.

Сепак најубедлив доказ за разликите помеѓу античките Македонци и Античките Грци претставува различната етногенеза на овие двана рода.

Етногенезата, пак, знаеме дека е апсолутен параметар во одредувањето на етничкото потекло на некој етникум. Античките Македонци и античките Грци имале различна етногенеза. Најдоминантен етникум во формирањето на античките Македонци биле Бригите. Тие биле староседелци во Македонија, а по Тројанската војна делумно се преселиле во Мала Азија. Освен нив, во етногенезата на античките Македонци секако се вклучуваат и домородните античко-македонски племиња: Десарети, Линкести, Орести, Крестонци, Пајонци и други кои исто така биле сосема различни од Ахајците. Етногенезата, пак, на античките Грци ни покажува дека тие главно биле составени од мешањето помеѓу Ахајците и Дорците. Значи, античките Македонци никако не можеле да бидат Грци, штом имале различно етногенетско потекло од нив. За античко македонската (но и античко–грчката) етногенеза детално има пишувано Д-р Наде Проева. Во својата книга „Студии за античките Македонци“ (Скопје 1998), Д-р Проева детално дава аргументи за етногенезата на античките Македонци, кои се резултат на нејзините долгогодишни проучувања на целокупната култура на античките Македонци. Д-р Проева детално ја обработува и сличноста, или различноста, во одредени сегменти на целокупната античко-македонската култура со онаа на соседните народи.  

Секако дека постојат уште огромен број сведоштва кои докажуваат дека Македонците не биле никакви Грци, кои во интерес на просторот, ќе ги оставиме за друга прилика.

Во својата книга „Студии за античките Македонци“ (Macedonia Prima - Ohrid, Skopje, 1998), Д-р Проева дава аргументи за етногенезата на античките Македонци, кои се резултат на нејзините долгогодишни проучувања на целокупната култура на античките Македонци. Д-р Проева детално ја обработува и сличноста, или различноста, во одредени сегменти на целокупната античко-македонска култура со онаа на соседните народи. Така, на пример, таа аргументирано ги докажува сличностите на античко-македонскиот јазик со бригискиот, а тоа го потврдува и преку компарирање на конкретни елементи од нивната материјална и духовна култура (обичаи, керамика и сл.) Од овие детални компарации, јасно се гледа сличноста меѓу Македонците и Бригите, а истовремено нивната различност од Грците, Тракијците и Илирите.

Конечно, за бригиската етничка врска кај Македонците пишува и Херодот, кој вели:

„Повикувајќи се на тврдењата од Македонците, Фригите во времето кога живееле во Европа заедно со Македонците, го позајмиле своето име од Бригите, но по нивното иселување во Азија тие си го смениле и името (од Бриги почнале да се нарекуваат Фриги, з.м.), заедно со местото на живеење“.

Поради сето ова, денес, при знаењето на овие податоци, навистина изгледа иритирачки и тенденциозно кога некои автори и денес историјата на античка Македонија ја сместуваат во рамките на историјата на античките Грци.

Овде предлагам да ги спомнеме и горно-македонското племе Пајонци, кои исто така ја приложиле својата крв и култура во античко-македонскиот народ, а преку нив и во денешната македонска нација. Пајонците се горномакедонско племе, кое главно живеело во средишниот дел на Република Македонија, иако ги имало и во дел од сегашна Егејска Македонија. Досега од некои автори тие беа сметани како одделен народ од античките Македонци, најмногу поради тоа што долго време се спротивставувале на античко-македонската централна власт. Но, нивното спротивставување на централната македонска власт никако не може да биде доказ за нивната различност од античките Македонци. Едноставно, тие само подоцна се вклучиле во античко-македонската етногенеза, исто како што останатите македонски племиња тоа го направиле порано.

Така, на пример, позната е војната помеѓу Македонците од Орестида против Македонците од Еордаја. Па, зарем тоа значи дека Македонците од Орестида се различни од Македонците од Еордаја? Понатаму, позната е војната што Филип Втори ја водел против македонското племе Линкести, од кои потекнувала неговата мајка. Значи и овде имаме меѓу-македонска племенска борба, која конечно резултирала со создавање на античко-македонскиот етникум. Инаку, да го кажеме и тоа дека, според бројни автори, и самите Пајонци потекнуваат од Бригите, исто како и останатиот дел од античките Македонци.

Главен култ на Пајонците било сонцето, исто како што било и кај останатите Македонци.

За поврзаноста на Пајонците со македонската религија сведочи и податокот што богот на лекувањето кај Македонците Дарон, името го добил по пајонското племе Дерони.

Освен тоа, Пајонците, исто како и останатите Македонци, ја негувале полигамијата, што не било случај со повеќето други народи од тоа време, а начинот на нивното погребување бил ист како кај останатите Македонци, но различен од тракискиот.

Значи, факт е дека Пајонците по својата култура биле составен дел од античките Македонци, иако долго време се спротивставувале на македонската централна власт. Во 217 година пред Христа нивната држава Пајонија конечно е приклучена кон Македонија од страна на македонскиот крал Филип Петти, пошто, со текот на времето, доаѓа до нивно целосно претопување со античките Македонци, зашто сведочат повеќе светски истакнати автори. Впрочем, до такво претопување тешко дека ќе дошло за толку кратко време, доколку Па-јонците и навистина биле толку различни од останатите Македонци.

Продолжува

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.