Среда, 10 Септември 2014   
Гордост е да бидеш Македонец во Австралија

Александар Џеповски

aleksandar-dzepovski

По утрото се познаваше денот, уште од моментот кога Македонскиот пратеник од водечката Либерална Партија, господинот Никола Мицковски јавно го жигоса грчкиот пратеник од опозицијата Ендрју Ционис, познат националист и симпатизер на Златна Зора... терајќи го да се извини на целиот Македонски народ и државата Македонија, нарекувајќи не Фиромци и дека не требало да ни се даде простор за прослава на Македонскиот ден на независноста - 8 Септември. 

Градот Сиднеј со општина Рокдаил во државата Нов Јужен Велс, на познатата  и фамозна легендарна улица Кинг стрит, го прослави спектакуларно во свој типичен Македонски амбиент овој свет ден за Македонците.

Гости беа многубројни личности од јавниот живот на Австралија, но народот Македонски беше  тој заедно кој со Амбасадорот Трпе Велевски и пратениците од Македонско потекло од Либералната водечка партија, Никола Мицковски и Петар Ристевски ги заслужија сите епитети како главни актери на овој настан на годината. 

Народот со солзи во очите ги пееја стихобите од Песната Еден е Александар Македонски, како и песната Дај ни Боже машко чедо, мери го кантар, ни помалку ни повеќе, како Александар наш Македонски. Искрените солзи ја пренесоа пораката и ја видоа грчките пратеници, кои дојдоа на инспекција и се запрашаа зошто Грците не пуштаат солзи кога се спомнува името на Александар. 

Знамето на Македонија беше гордо подигнато од Амбасадорот Веле Трпевски, кој ги поздрави присутните од името на сите Македонци и Владата на Република Македонија. Говорот на пратеникот Никола Мицковски предизвика еуфорија кај Македонците, затоа што Мицковски не пропушти ни оваа прилика да им даде до знаење на Грците и целокупната јавност дека Македонија сака исто сонце и покрив над ова небо и како таква нема да смени име и да попушти под притисок. Преку Мицковски, Македонците даваат порака дека и деца родени во туѓина не ја даваат Македонија и да знаат оти посилни и поцврсти се Македонските гени, неподложни на асимилација. Напротив... 

После ова манифестација, започна синхронизирана прослава и на Македоното фудбалско игралиште на Ф. К. Илинден, каде под организација на МПЦ се направи пикник  со  сите видни гости кои имаа можност за порелаксирано дружење. Убаво беше и голема чест и гордост да се биде Македонец по повод празникот 8 Септември, денот на независност на Македонија, од каде беше испратена порака до Македонија и целиот свет дека Македонците постојат и се повеќе од било кога сложни и дека никогаш нема да изчезнат и да се асимилираат, кажани во песната Еден е Александар Македонски - КРВТА НЕ Е ВОДА, ПА ДА ИСПАРИ, КРВТА ТВОЈА Е НАША МАКЕДОНСКА.  Токму тоа низ солзи и со пиетет го покажа Македонскиот народ во Рокдаил, Сиднеј, Австралија на денот на независноста на Македонија во 2014 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.