Среда, 17 Септември 2014   
“ИЛИРИДА“ ЗНАЧИ АГРЕСИЈА НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА!

smkСветскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува и за неуставни и за незаконски ги смета обидите на самопрогласениот “претседател на илирида“ Невзат Халили, поранешен претседател на ПДП и самоименуваниот “генерал на некаква национална гарда на илирида“ Хамди Ндрецај Пантер, поранешен припадник на ОНА, за дестабилизација на државата Македонија со најавите за прогласување на “албанска република илирида“ во рамките на државата Македонија.

СМК смета дека реанимирањето на таканаречениот “референдум за политичко територијална автономија на албанскиот народ во Македонија - Илирида“ одржан во спротивност со Уставот и Закон на 11 и 12 јануари 1992, а во организација на ПДП, претставува агресија врз територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија!

СМК апелира јавниот обвинител, полицијата и судот навремено да ги преземат потребните мерки против Невзат Халили, Хамди Ндрецај и нивните соучесници, поради обидот за насилно уривање на уставниот поредок и поттикнување или повикување на воена агресија и разгорување на етничка, расна и верска омраза раздор и нетрпеливост, како и промоцијата на воени и полувоени здружувања што не им припаѓаат на Вооружените сили на Македонија.

СМК потсетува дека основа на Охридскиот рамковен договор којшто е вграден во Уставот и законите на Република Македонија е: унитарноста на државата, територијалниот интегритет и суверенитет, и декларацијата дека етничките прашања немаат територијални решенија. Сето останато значи војна, етничко чистење и геноцид. Заканите од самопрогласениот “генерал на некаква националната гарда на илирида“ Хамди Ндрецај Пантер доволно зборува за намерите на оваа паравоена команда.

СМК смета дека реанимацијата на Невзат Халили и Хамди Ндрецај не е случајна, туку во спрега со организирани криминални и исламистички кругови и странски разузнувачки служби.

Правото на самоопределување на албанскиот народ е апсолвирано со државноста на Република Албанија и секој обид за демонтажа на балканските држави од актуелните граници заради наци-фашистичката креација “Голема или Природна Албанија“ или некаква “Исламска држава“ претставува нова војна на Балканот.

СМК укажува дека наци-фашистичката креација “Голема или Природна Албанија“ и “Исламска држава“ на Балканот се анти-албански проекции а, пред се, значат демонтажа на Република Албанија и на албанскиот народ во целина. СМК повторува дека никогаш нема да се случи “Голема или Природна Албанија“, а Македонија никогаш нема да биде теократска држава во која владее шеријатот!

СМК повторува дека толеранцијата и коегзистенцијата на Македонците не претставува слабост за рекомпонирање на Македонската држава! Одбраната на територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија е право и должност на секој граѓанин, и Македонците тие вредности ќе ги бранат и одбранат од секоја агресија на домашни врховисти и колаборационисти и надворешни непријатели, бидејќи никој нема право да признае окупација на Република Македонија или на нејзин дел!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.