|
|
Министерот Бушати на средба со преставници на малцинствата во Албанија |
Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати синоќа, одржа состанок со претставници на Државниот комитет на малцинствата и со претставници на здруженијата на малцинствата во Албанија. Оваа средба, која имаше за цел зајакнување на дијалогот со здруженијата на малцинствата, се одржа во рамките на информирањето и транспарентноста за препораките на Советот на Европа за ситуацијата на малцинствата во Албанија. На средбата беше поделено и Мислење на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција "За заштита на малцинствата" и резолуцијата на Советот на Европа, преведени на јазиците на малцинствата вклучувајќи и на македонски јазик, пренесува весник Македониум. Албанија, во согласност со меѓународните обврски треба да превземи конретни мерки за заштита на правата на малцинствата. (Македониум) |