|
|
Признание за зачувување на македонскиот идентитет |
Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј им додели посебни признанија на Кире Трајковски и Орце Марковски за промовирање на македонскиот јазик и литература. Благодарниците-дипломи им ги додели поетот Иван Трпоски, библиотекар и архивар во Библиотеката „Григор Прличев“. Кире Трајковски е познат македонски активист, голем патриот и колекционер на македонски книги посебно историска литература. Секој издаден наслов во Литературното друштво и секоја донесена книга во Библиотеката Кире сака да ја има во својата лична библиотека. Тој не само што го помога Друштвото со купување на книги туку и финансиски го потпомага во печатењето на истите и во дистрибуирање меѓу своите роднини, пријатели и заедницата. Орце Марковски со своето семејство е еден од најредовните читатели во библиотеката „Григор Прличев“. Неговите близначки кои го изучуваа македонскиот литературен јазик како предмет во гимназијата Когра, целото свое знаење го црпеа токму од книгите што Библиотеката им ги нуди на учениците кои го изучуваат македонскиот јазик. Орце, како родител, покажа колку е важно подржувањето на своите деца активно да се вклучат во зачувувањето на мајчиниот јазик и македонската култура.
Душан Ристевски |