Среда, 15 Октомври 2014   
Од патувањата по Беломорска Македонија (2)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

Кога се искачивме по патот на кој има многу свиоци и угорнини од кои на посетителот му застанува здивот, глетката беше прекрасна. Како од орловско гнездо го гледавме градот и целата околина кон исток, кон Солун. Секој брзаше да се фотографира, да се овековечи заедно со сета природна убавина на овој манастирски комплекс во кој илјадници калуѓери го поминале својот живот како војници.

Го посетивме манастирот на Спасителот Исус Христос познат како „Голема Метеора“, изграден на највисоката карпа што се издига на близу 500 метри од нивото на реката. До манастирот се стасува преку 150-ина скалила изделкани во карпите. Манастирот е лоциран во многу живописен предел и е исполнет со бројни простории насликани со фрески и икони, исполнети со голем број црковни книги и други предмети од времето на првиот монах Атанасиус, па до денешни дни. Таму се запознававме со историскиот дел не само на овој, туку и за монашкиот ред и другите карактеристики на манастирот „Свети Стефан“ и помалите манастири, во кои во тој период немаше монаси.

Во Метеора, меѓу другото, ни се вртеја мислите на монахот кој напишал книга на македонски јазик, но со елинско писмо. Тоа зборува дека одреден број монаси биле Македонци, кои со молитви кон Спасителот Исус Христос на својот мајчин македонски јазик оставиле вечни траги. Исто така, во Метеора разговаравме за тешкиот монашки живот, како оној на архимандритот Никодим Царкњас, кој поучен од своето братство ја изгради Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во селото Соботско, во Меглен, која ја посетивме во текот на нашиот престој во Беломорска Македонија.

Ги напуштивме манастирите на Метеора и се упативме по патот што води кон Солун, градот што го добил името по сестрата на Александар Македонски, а го создал нејзиниот сопруг Касандар. Тој е убав приморски град, кој како трговски центар ги мами, па дури и ги заведува посетителите со својата убавина, медитеранската клима, околните песокливи плажи и, над сѐ, со гостопримството на локалното население. Тој е сместен на полуостровот Халкидики и е познат по бројните зелени површини, по Беас Куле, по солунските атентатори, по многуте други културни споменици, како и по манастирите на Света Гора, каде што дел од својот живот минале и извесен број монаси од Република Македонија.

pela
Пела

И не само Солун, кој е престолнина на Беломорска Македонија, туку и целата таа македонска земја е прекрасна, започнувајќи од мистичната Пела – древната македонска престолнина – па преку божествените водопади на Воден, пејзажите на Костур, убавините на карпестите цркви и фрески по бреговите на Мала Преспа... Таа питомина и широчина е збогатена и со зелените предели на планините разделени со границата, а меѓу нив, како бисер, патникот оддалеку ужива во сјајот на Кајмакчалан.

Затоа, античките Македонци токму овде ја подигнале својата престолнина. Еден дел од Пела денес е достапен на посетителите, но огромен дел, како што велат и постарите жители на Постол (Пела), сѐ уште лежи под земјата. Токму поради славата на древната престолнина на Филип и Александар Македонски, кои го посеаја македонското семе, во туристичките проспекти целиот тој регион Грците го нарекуваат Пела со главен град Воден (Едеса).

Секојдневно низ Пела минуваат голем број туристи, кои потоа со години ги носат спомените и мирисот на мермерот по кој чекорел големиот Александар Македонски.

Од Пела, патувајќи крај широките полиња со памук, кои постепено се заменуваат со овошни насади од праски и црешни, за кратко време  стасавме во Воден. Тој се наоѓа во средината на патот меѓу Солун и Битола, на висорамнината која како голем чардак се надвиснува над полето кон Пела. На тој „чардак“ веќе две илјади и седумстотини години опстојува Воден и исто толку време, течејќи кон него, од работ на „чардакот“ во полето се истураат бујните води на прочуените водопади. Во засекот на карпите може да се слезе десетина метри под брегот и да се помине под водопадите.

Тоа доживување не го пропушта никој кој дошол во Воден. Кулминација е, секако, моментот кога ќе се стигне до најдолната топка под водопадот, каде што пред нозете на посетителите водата, буквално,паѓа во коритата што низ векови се издлабиле. Познат по реките и водопадите, по македонското виножито што се издига од рамниот дел, истовремено, Воден претставува и едно од најпривлечните места во Егејска Македонија. Тој е градот за вљубениците во природата, но и за заљубените и град на љубовта. Затоа Воден често се нарекува и место на природата и на историјата; тој е град на водата, град на убавината...

Тоа е само дополнување за Беломорска Македонија која е уште поубава во пролет, кога цутат овошките во Воденско, Мегленско и Преспанско, во лето, кога морскиот брег е преполн со гости од целиот свет, во есен, кога златните лисја ги покриваат планините од Лерин до Костур, и во зима, кога Кајмакчалан покриен со снег се вишнее над убавиот Меглен.

Во Егејска Македонија има многу прекрасни места што треба да се видат. Меѓу нив особено се издвојува градот Костур и раскошната природа што ја нуди овој убав град. Градот на крзното и на кожарската индустрија се наоѓа на полуостровот што го дели Костурското Езеро на две подеднакво убави половини. Едниот дел од градот што се издигнува на полуостровот се огледува во едната, а другиот дел во другата половина на езерото. Куќите се извишуваат една над друга, па навечер, ако се гледа од брегот на езерото, сето тоа изгледа како некоја огромна новогодишна елка со илјадници лампиони кои се огледуваат во позлатеното езеро.

Со својата географска положба, со плодната котлина полна со овошки, со блескавото сино Костурско Езеро и културно-историските споменици, Костур претставува важен туристички, културен и стопански крај, привлечен во сите сезони. Тој е убав и за живеење и за одмор и за рекреација. Поради добрите климатски услови: чистиот и свеж воздух, надморската височина и сите убавини што природата му ги подарила на Костурското Езеро и неговата околина, угостителско-туристичкото стопанство од година во година зазема сѐ позначајно место.

Костурското Езеро, пак, е типичен пример на езерата од егејската зона, спаѓа во групата на десаретските езера и ги има сите својства на езерата од овој тип: висока температура на водата во летниот период, широко крајбрежно подрачје во кое се развива буен животински и растителен свет, карактеристична конфигурација, својст-вен изглед, посебни климатски услови и интересно историско минато.

voden
Воден

Продолжува

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.