|
|
Австралиско македонскиот театар ќе земе учество на Discovery Festival |
На 10 октомври оваа година, заменик градоначалникот на градската општина Хрствил, Michelle Stevens, официјално го отвори традиционалниот културен фестивал Discovery Festival организиран од самата оштина во Сиднеј. Фестивалот започна со отворањето на изложба каде беа изложени повеќе од 100 експонати на локалните ликовни уметници. Фестивалот кој ќе тра еден месец ќе опфати поголем број на културни збиднувања од полето на музиката, фолклор, балет и хорски претставувања, ликовната уметност, промоција на книги и поетски читања, прикажување на кратки филсми остварувања и театарски претстави. На Фестивалот ќе земе учество и Австралиско македонскиот театар од Сиднеј кој ќе го прикаже најновото драмско остварување на драматургот Душан Ристевски. Австралиско македонскиот театар премиерно ќе ја изведе драмата „The Fence – Ограда“ на 14 ноември во Civic Theatre во Хрствил, во режија на Стефо Нанцу, а улогите ќе ги толкуваат Стефо Нанцу, Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Валери Пеовска, Петар Павловски, Иан Шира, Салех Сакаф, Џумана Танана, Мохамед Танана и Есра Танана. При отворањето на Фестивалот, Душан Ристевски даде краток преглед за најновото драмско остварување кое обработува теми од австралискиот мултикултуларизам и борбата да се зачува и почитува идентитетот на нациите кои живеат во Австралија. Иван Трпоски
|