|
|
Драмата „Страв и срам“ од Душан Ристевски се изведува на грчки јазик |
Сиднеј, ја одржа премиерната вечер на драмата „Страв и срам“ од Душан Ристевски во режија на Ставрос Економидис. На отворањето поздравна реч одржа директорот на Службата за ментално здравје, Christopher Hay и директорот на Multicultural Health Dr Astrid Perry. Се планира три неделен репертоар и изведба од девет престави, а драмата се прикажува на грчки јазик како дел од националната програма: Месецот на менталното здравје. Инаку темата на ова драмско дело, кое беше наградено во 2008 година, е поврзана со намалување на стигмата и стравот од менталните болести. Оваа драма е издадена на македонски и англиски јазик и истата беше изведена на македонски јазик во 2008 година од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Исто така драмата „Страв и срам“ од Душан Ристевски во режија на Ставрос Економидис е преведена на српски и арапски јазик и се планира изведба на арапски идната година во Сиднеј. Инаку Hellenic Art Theatre постои повеќе од 30 години и е единствен театар во Австралија кој дава престави само на грчки јазик. Во своето излагање, артистичкиот директор Ставрос Економидис, забележа дека „уметноста ги обединува луѓето, ги остава настрана предрасудите и недовербата и промовира пријателство“. Инаку делови од оваа драма се изведуваат во Индија и Катар, а исто издаден е и прирачник за обучување на студенти и здравствени работници во Австралија.
|