Среда, 19 Ноември 2014   
Информации за набавка и за содржината на најновата книга: “Мојот придонес за Македонија”

janko-tomovКнигата е отпечатена во мал број на примероци, со 258 страници, на А 5 формат, на бела хартија, со голем број фотографии, во печатницата 2 Август, Штип, Република Македонија, во Ноември 2014 година, како Прв том.

Од овоа прво издание, останаа непродадени 5 пакети од по 7 примероци на книги, (35 книги), за заинтересирани патриоти од Европа и Америка, а 40-тина книги останаа за Австралијски читатели, кои можете да ги набавете, поединечно, со претплата на адресата на авторот:

Јаnko Tomov

P.O. BOX 285

TAIGUM – L P O

TAIGUM QLD 4018

AUSTRALIA

Поради големата цена за поштарина, која цена е пресметната за пакет од 7 книги, ви се нуди 50% поефтино по книга, само за пакети од по 7 книги, која чини АУД 95.00, за Европа, Америка и Австралија. По извршената уплата, книгите ќе ги добиете директно од печатницата, од Република Македонија, најбрзо пред 1-ви Декември о.г., за Европа и Америка, додека за Австралија за 2-3 недели или во Декември, пред Католички Божик.

Цена на една книга изнесува АУД 25.00, во која цена е пресметната и поштарината, само од Австралија до претплатниците на Австралија. Засега не се врши претплата за поединечна книга за Европа и Америка, додека не се соберат доволно финансиски средства за второто издание - Втор том,поради големата цена на поштарината, како и времето за нејзино праќање. Затоа здружете се од по 7 заинтересирани патриоти, за да ја добиете книгата по намалена цена од 50%.

Авторот настојува само за еден дел да ги покрие трошоците за печатење, од вложените лични финансиски средства, за книгата, за што нема од никаде финансова поткрепа,како и за публикуваните 7 книги, во миналото од 2000-2008 година.

Доколку постои поголем интерес за книгата, обратете се на авторот на e-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , за информации околу претплатата и испорачката и можноста за поголем број на испорачување на книги, на пример за библиотеки, членови на Основни организации на ВМРО-ДПМНЕ во Република Македонија и за Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во диаспората,како и за Македонски невладини национални или политички организации во светот и етничките делови на Македонија.

Претплата за пакети од по 7 книги, само преку Western union, до адресата на авторот.

Претплата за поединечни книги е АУД 25, во кое е пресметната и поштарината, само за Австралија. Претплата за 2 книги е АУД 50 при што ќе добиете и една од 7-те досегашни публикувани книги од авторот Томов, во кое е пресметната и експресната поштарина , која изнесува АУД 13, од Австралија за претплатниците само за Австралија, во време од 2 дена, од денот на уплатата, додека не се продадат книгите.

Претплатата за поединечни примероци на книгата е само со Мoney order, преку австралијските пошти, до адресата на авторот.

На мојот и-маил, доставете ја читко напишана вашата адреса, на која треба да ги добиете книгите.

Кратка информација за содржината на книгата:

Мојот придонес за Македонија”

Во книгата се опфатени поединости за првите Македонски политички организации, кои ги основаат и со кои раководат лево и десно политички орентирани Македонски лидери и членство, од поголемите организации како ДООМ, НМРО, ТНМРО, преку Македонските поткомитети за МЧП, списанијата и весниците, како “Македонска нација”, “Македонија”, “Глас на Македонците” и други списанија и весници. Понатаму подетално се прикажани семакедонски мирни протести и демонстрации, пред Амбасадите и конзулите на Грција, Бугарија и СФР Југославија, во Австралија, со цел признавање на македонската националност и основните Македонски човекови права во окупираните етнички делови на Македонија. Исто така, е прикажан главниот дел на патриотската активност, на македонското иселеништво,преку челниците-лидерите и нивните најблиски соработници, која придонесе, од крајот на Втората светска војна во осамостојувањето на Република Македонија и оснивањето на ВМРО-ДПМНЕ, најголемата демократска партија на Македонците и нејзиното подржување. Посебно детално е документиран мирниот протест, пред парламентот на Викторија во Мелбурн, во 2008 година, каде учествуваа 30.000 Македонски демонтранти и за други значајни македонски-патриотски настани.

Книгата “Мојот придонес за Македонија”, бидејќи содржи историски пишувања за основањето и активноста на Македонските национално-политички организации на Македонското движење во дијаспората, се препорачува на членството на градските ограноци на ВМРО-ДПМНЕ, во републиката, Задграничните комитети во дијаспората, Македонските историчари и секако поедини институции на актуелната власт и заинтересираните Македонци и наши пријатели,специјално за македонското иселеништво за нашите млади интелектуални генерации.

Авторот се вклучува во македонското движење во Австралија и дијаспората од 1970 година, каде е се уште активен до денешни дни 2014 година. Тајно емигрирал со 4 члено семејство во Австралија, напуштајки ги најголемите фунции во квалитетниот спорт во Сојузот на организациите за физичка култура на СР Македонија:Референт за Спортови и Стручни кадри. Авторот Томов, предходно во 1957 година, бил осудуван за бегство преку граница, за САД или Австралија, на два пати. Првиот пат преку Богданци- Гевгелија, а вториот пат преку Велушино- Битола, каде одлежува 2, односно 5 месеци затвор.

Книгата “Мојот придонес за Македонија”, бидејќи содржи историски документирни теми, за основањето и активноста на Македонските национално-политички организации на Македонското движење во дијаспората, се препорачува на членството на градските ограноци на ВМРО-ДПМНЕ, во републиката, Задграничните комитети во дијаспората, Македонските историчари и секако поедини институции на актуелната власт на Република Македонија. Исто така и за заинтересираните Македонци и наши пријатели, како и за македонското иселеништво за нашите млади интелектуални генерации, да видат како под тешки услови, нивните родители и дедовци –патриоти, заштитувајки ја својата Македонска битност и активност пропратена со жртви, малтретирања, навреди и понижувања, при стварањето пред се на Самостојна Македонска држава.

Ако се јават потребен број заинтересирани за книгата, со претплата, ќе се отпечати второ издание и тоа пред Божик, нека ни е на помош. Одма потоа спремна е за печатење многу интересна –историска книга, за Првиот Светски Конгрес за Македонски Човекови права, одржан во Март 1990 година, во Аделеид, Јужна Австралија, на кој учествува голем број делегати од сите главни центри на Австралија, од СР Македонија, Егејска Македонија и Пиринска Македонија. Во оваа книга во детали од конгресот и со фотокопии, како и со коментари на авторот и позначајните учесници на конгресот, ќе ги дознаете вистинските и правилни активности на првите основачи и активисти на ЦОК за МЧП – Солун и за Поткомитетите во дијаспората и Р.М., а исто така и интригите кои ја намалија масовната активност на оваа хумана организација, од политички причини.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.