|
|
Томе Трајков во интернационално стрип жири во Албанија |
Признание за македонската стрип сценаВелешанецот Томе Трајков, културен оператор во Стрип центар на Македонија со седиште во Велес е во состав на интернационално стрип жири на првиот стрип натпревар во соседна Албанија. Воедно тој ќе присуствува на манифестацијата којашто по овој повод ќе се организира од 13 до 15 Ноември во Тирана, Албанија „Драго ми е што ја имам таа чест да бидам дел од овој настан ,организиран од страна на Министерството за култура на Република Албанија и на професорот Шпенд Бенгу .Со оваа личност ,којашто е клучна за развојот на стрип сцената во Албанија имам дамнешни контакти и токму на негово инсистирање сум дел од ова жири заедно со Игор Прасел-илустратор и аниматор од Словенија и Тоон Харстен,новинар од Белгија . Стрип натпреварот ,којшто веќе заврши, е резултат на повеќегодишното залагање токму на професорот Шпенд Бенгу и е под покровителство на Министерството за култура на Република Албанија -одделение за културно наследство . Пријавени беа 40 стрип дела на тема од албанската народна ризница .Квалитетот на истите дела за организаторот и за нас членовите на жирито ,предизвика големо изненадување во позитивна насока. Нашите соседи нема да застанат тука , следен чекор е формирање на прва официјална стрип асоцијација на Р.Албанија ,нешто што одамна му го предлагав на професорот Бенгу .Сега созреаа условите за такво нешто“-истакна Трајков Тој на овој настан ќе патува заедно со потесниот тим на Стрип центарот на Македонија-Велес.Нивната посета е во склоп на завршни активности од проектот„НОВИ БАЛКАНСКИ ПРИЈАТЕЛСТВА“ финансиран од страна на Фондацијата „ПРИНЦ КЛАУС“ Тие таму ќе остварат засилени контакти со учесниците од овој стрип натпревар а преку медиуми и непосредни контакти го промовираат горенаведениот проект како и стрип сцената во Македонија. „Горди сме што прераснавме во организација - ментор на нашите пријатели од соседните земји.Да додадам само уште дека веќе наредниот викенд ќе заминеме во Приштина на непосредна средба со автори и асоцијации од овој град. Стрип соработката со Косово, освен со традиционалниот фестивал во Призрен ја прошируваме и кон неговиот главен град “, завршува Трајков. |