|
|
Бранислав Синадиновски прво ја фалсификува вистината за основањето на ВМРО-ДПМНЕ, а сега се нарече Албанец!? |
7 Септември, 2014 година, Бризбен Почитуван господине Синадиновски, Благодарам за читањето на мојата статија во „Македонска нација“: “Богдановски е идеологот на ВМРО-ДПМНЕ” и за вашиот одзив на моето барање, до моите читатели, односно пријатели на кои преку интернет им доставувам национално-политички материјали, за да ме информираат за сознанија околу активноста на Драган Богдановски за основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Од вашиот одговор, не можев да искористам ништо, што би се однесувало за историската вистина, а гласи: “Сте испуштиеле се` што не ви одговара, односно ви причинувало задоволство за да избегнете или да замижете пред многу факти. Секако ваше право“. Поздрав, Проф. Др. Бранислав Синадиновски (7 Септември 2012) Господине Синадиновски, вас не Ве познавам лично и немам никакви документи или информации за вашата активност во основањето на ДПМНЕ, односно ВМРО-ДПМНЕ, како во дијаспората така и во Република Македонија. Ве молам, господине Синадиновски да ми кажете, што е пишувано во вашите книги за ВМРО-ДПМНЕ, за мене Јанко и за Координативното тело за дијаспората? Сигурно не Ви се давани или намерно испуштени документи, од нашите активности во дијаспората-Австралија, Европа, Америка, Канада, посебно за непосредните денови на основањето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзината активност во процесите за првите плуралистички избори во Македонија. За вашето претставување за еден од идеолозите на оваа партија во наредните мои теми околу ВМРО-ДПМНЕ, македонската стручна и патриотска јавност ќе има прилика да ја запознае вистината за идеологот Драган Богдановски и за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Со моите пријатели, со кои соработував, а со некои се` уште соработувам во последните 4 децении, во иселеништвото, повеќето од нив лидери на македонски национално политички организации од дијаспората, Драган Богдановски, Панко Стамакоски, Михаил Шариновски-Солунски, Крсто Шкодров, Крсто Јенчев Димитров, со Мане Јаковлески (од „Македонска нација“), кој е се` уште патриотски активен и неговиот брат Гојко Јаковлески, ниту еден, ама баш ниту еден не ми спомнал или поточно не ми посочил ниту еден докумет за вашето тврдење дека сте основач или дека сте идеолог на ВМРО-ДПМНЕ, или дека сте имале некоја активност во минатото поврзана со македонското патриотско движење во Македонија или дијаспората. Јас сум еден од таквите патриоти, кои имаат искуство, во услови на добри, а и со лоши соработки со активисти, а посебно со видни активисти и автори на повеќе патриотски и историски дела. Според тоа, тешко е да се одлучам брзо, без да дадам шанса да се корегираат или изјаснат, тие мои бивши пријатели или соработници, кога се однесува за многу важни настани поврзани со вистината за минатите активисти на македонското движење. Од вас Синадиновски барам, да бидете попрецизни во изјавите и пишувањата, во вашите статии и книги, кога се однесува за главните настани, како што е основањето и идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ. Сигурно е едно Господине Синадиновски, дека оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ не вредат ништо без нивните претходни активности во ОКМ, ДОМ, ДООМ и други македонски движења, во дијаспората и во Македонија, до самото основње на ВМРО-ДПМНЕ и внесување на партијата од дијаспората во Република Македонија. Не е можно, покрај сите етички правила и правила на организационото поставување на една демократска партија, да се претставуваат пред народот и пред македонската историја како идеолози на ВМРО-ДПМНЕ, лица или случајни патриоти, кои зад себе немаат ама баш ништо видно или конкретно направено за македонската кауза. Да, кога се однесува за основањето на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето ограноци во Република Македонија од деведесетта година наваму, навистина имаат дадено свој голем допринос. Сигурно е едно, да немаше ОКМ, ДОМ и ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија) и да не беше единствениот идеолог Драган Богдановски на чело на Македонската патриотска дијаспора, немаше да има ниту ВМРО-ДПМНЕ, а можеби немаше да имаме ниту самостојна држава Македонија. Ова Вам што ви го пишувам, е наменето и за останатите автори на национално политички македонски дела кои си припишуваат заслуги демек тие се идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ. За да се одржи и напредува македонскиот народ и Република Македонија, треба сите оние кои се надарени за пишување на стручни и научни дела, за Македонците и за Македонија, да се придржуваат стриктно кон вистината и со аргументи, зошто вистината на крај победува. Ние поедини Македонци од дијаспората, покрај драгоцената патриотска практична психо-физичка активност за македонската кауза, се “отепавме” и од пишување на македонски дела, се` со цел да и` помогнеме на Република Македонија, да се афирмира и да просперира, пред Македонците и пред целиот свет. Што добивме од тоа? Добивме поедини личности со куси погледи за Македонското дело, како што се погрешните одбраници на покојниот Драган Богдановски, кој ги постави за лидери на ВМРО-ДПМНЕ во Република Македонија, да ги игнорираат и негираат нашите дела и делата на идеологот Драган Богдановски. Нели и Вие Браниславе Синадиновски бевте во конфликт извесно време, со Љубчо Георгиевски, во врска со финансиски нерасчистени работи, околу некоја ваша книга?! Тие кои имаат криминални активности и кои се збогатија на сметка на народот и на партијата не заслужуваат поддршка, туку треба да се казнат, за пример на идните генерации такво нешто да не прават. Ние патриотите во дијаспората скоро сите средства што ги печалиме сме ги вложувале и се` уште ги вложуваме за меѓусебни договарања, преку телефони, пишување, печатење и промоции на македонски дела и многу други активности, се` за македонската кауза и еве не` продолжуваме и не се откажавме од нашето македонско потекло. Вие господине Синадиновски се откажавте заради пари и лична корист, срам за Вас господине Синадиновски, а со вашето однесување нанесовте голем срам за Македонија. Македонија вечна, АМИН! |