Среда, 17 Декември 2014   
Од патувањата по светот – Израел (7)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

СУДБИНСКАТА ПОВЕЗАНОСТ НА ЕВРЕЈСКИОТ И НА МАКЕДОНСИКИОТ НАРОР

Кога патувавме кон југ покрај Мртвото Море прис­тиг­навме до остатоците од познатата планинска тврдина Масада, местото кое е запишано со големи букви во историјата на Евреите. Имено, Масада е пустинско плато што на околу 400 метри се извишува над западниот брег на морето од каде тешко може да се забележи. До висината на платото се стасува за неколку минути со современата жи­чар­ница, а само најхрабрите се искачуваат или слегуваат (како што ние направивме) по „змискиот пат“, што стрмо се спушта од големата височина.

Ис­ка­чувањето кон Масада значи задоволство, завет и го­лем предизвик не само за Евреите, туку и за број­ните туристи кои доаѓаат да се потсетат на она што се случувало во почетокот на минатиот век, а кои на убав начин се пренесени преку спекта­ку­лар­ниот англис­ки филм „Масада“ за Евреите чии делови им се пре­зен­тираат на посетителите при посетата на ова свето место.

Според сведоштвата на познатиот римски историчар Јосиф Флавиј, во книгата „Јудејска војна“, се вели дека жителите на ова место, чиј број бил околу 1.000, бегајќи од римската наезда на војници, се скриле и дошле да живеат во Масада.

Тоа се случило во 70-тата година по Христа, кога римската војска ја прегазила Јудеја и сите други тогашни предели на тие простори. Кога Римјаните дошле пред Масада, на местото каде една мала група Евреи им пркосела, сметале дека проблемот ќе го решат многу брзо, за неколку месеци, од причини што биле уверени дека во пустината Евреите не би издржале долго без вода и други прехранбени продукти. Ме­ѓутоа, во Масада бил вљубен Ирод Велики, кој, веројатно, плашејќи се од непријателите, ја одбрал за свое место Масада каде ќе може, во случај на опасност, да се скрие и таму да живее подолг период. Така, изградил систем за собирање на дождовницата која се собирала во цистерни издлабени во камењата, како и други помошни простории за вода, дури и два отворени базена за капење. Ирод Велики на платото подигнал голем број магацини за складирање храна и мес­то за чување домашни животни и гулаби.

Според сведоштвото на Јосиф Флавиј жите­лите на Масада ја издржале тригодишната опсада. Ме­ѓутоа, римската војска успеала да направи рампа на западната страна за да стаса до утврдувањето. За тоа биле ангажирани голем број робови од Египет, кои успеале да го поврзат просторот со платото. Пред тоа, Евреите се собрале во синагогата и од­лучиле секој да си го убие своето семејство. Потоа од мажите што останале биле избрани десетмина кои ги убиле останатите мажи, а од десетте мажи што останале деветте биле убиени од еден, кој веројатно бил водачот и кој умрел пред римската војска.

masada

Масада

При нашата посета на Масада слушавме дека денес на ова историско место за Евреите, тенков­ските единици на израелската ар­мија земаат зак­лет­ва и се колнат дека ќе ја бранат својата татковина и ако треба ќе загинат за неа, исто како нив­ните предци. Исто така, обичај е децата - Ев­реи кои полнат 13 години, во Масада свечено да ста­нат членови на еврејската заедница. Тоа збо­рува за нејзината историска и национална важност, од која и не е лошо да учат другите народи како и на кој начин јакне духот на еврејското опстојување.

Инаку, кога се зборува за судбинската поврзаност на македонскиот и еврејскиот народ и на Македонија и Израел, треба да се спомене дека Република Македонија се граничи со четири земји: Албанија, Бугарија, Грција и  Србија. За жал, овие земји како во договор имаат аспирации и негаторски однос кон Македонија. Така Србите го негираат постоењето на автокефалноста на Македонската православна црква како продолжувач на Охридската архиепископија; не ја признаваат целосно границата меѓу двете држави. Грција го негира уставното име на Република Македонија и со сите можни средства се бори да ја омаловажи и државата и народот со употреба на неприфатливата додавка ПЈРМ. Албанија има територијални претензии кон западниот дел на Македонија, каде се случува популациска инвазија. Бугарија, пак, ја призна државата, а го негира македонскиот јазик. Од тие причини и не случајно Македонија е наречена „јаболко на раздорот на Балканскиот Полуостров“.

Исто така и Израел се граничи со четири држави и тоа: Либан, Сирија, Јордан и Египет. Израел се наоѓа во изолирана положба како еврејска држава која е опкружена од Арапи, кои претежно се муслимани. Сите тие соседни земји, на свој начин имаат територијални претензии и се однесуваат негаторски кон еврејскиот народ и еврејската држава. Затоа, и Израел често се нарекува како „јаболко на раздорот на Блискиот Исток“.

Меѓутоа, макотрпниот живот, целокупните состојби, силната љубов кон својата вера, народ, земја, минато и иднина направи и Македонците и Евреите да си формираат свои суверени и независни држави. Од Израел и од израелскиот народ треба да се учи колку тешко, макотрпно и со многу пожртвуваност се формира држава, како уште потешко се стекнува слободата и, како сето тоа возвишено, со силна вера, со голема љубов и со најголема надеж треба да се брани, да се гради, да се чува и да се развива новосоздадената држава. А, еврејскиот случај на создавање на држава и опстојување на истата е единствен пример во светот.

masada2

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.