Среда, 17 Декември 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (26 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со јазикот

Од сето ова гледаме дека терминот "грчки превод на Библијата" е несоодветен за преводот наречен Септугинта, кој всушност бил превод на јазикот коине.

Кога веќе ја спомнуваме писменоста, сакаме да ги истакнеме и истражувањата на македонскиот  палеолингвист Васил Иљов, кој тврди дека во Македонија се пронајдени многу стари букви. Во нашата претходна книга пренесовме дел од неговите истражувања преку фотокопии и извадоци.

Коректен став кон јазикот на античките Македонци нуди и авторот Џон Шеа во својата книга под наслов "Македонија и Грција - борба за создавање на нова балканска нација". Овде авторот го пренесува тврдењето на античкиот историчар Тразимах, па вели:

"Тразимах пишува дека Грците зборувале различен јазик во однос на странските антички Македонци" (на англиски: "Trasymachus thought that the Greeks spoke a different language than the foreign Macedonians").

 На стр. 40, Џон Шеа пишува за книгата на античкиот историчар Давид Т. Хогарт, во која бил спомнат Филип Втори и Македонската армија. Овде читаме:

 "Хогарт пишува дека во поставувањето на неговата армија, Филип ги отстранил разликите помеѓу Македонците од различните реони и племиња, но во исто време тоа ги засилило разликите помеѓу Македонците и Грците" (на англиски: "Hogarth says that in setting up his standing army, Philip eliminated distinctions between Macedonians from different areas and tribes, but at the same time, increased the disctinctions between Macedonians and Greeks").

На стр. 46 Шеа сосема правилно пишува дека стариот балкански народ Бриги ја внел својата крв и култура во античко-македонскиот народ. Тој смета дека етнонимот "Бриги" настанал од македонскиот збор "брег", што значел "рид". Потсетуваме дека зборот "брег" постои и во денешниот македонски јазик, иако со малку изменета етимологија.

Во продолжение Шеа нуди дел од античко-македонската топонимија, за која цитира странски учени, кои тврделе дека оваа топонимија не била ни грчка, ни тракиска, а ниту илирска.

Продолжуваме со книгата "Империјални владеења - историја на светот од 400 година пред Христос до 200 година по Христос". Во оваа книга,  во врска со старо-грчкиот јазик, на стр. 18 читаме:

"Јазикот беше грчки, но беше толку расипан со примеси од варварите, што Атињаните не можеле да го разберат" (на англиски: "The language was Greek, but  so tained by barbarians strains, that Athenians could not understand it").

Авторот не прецизира за кое време станува збор кога пишува за овој, неразбирлив за Атињаните, "грчки јазик", но во суштина и тој признава дека т.н. "старогрчки јазик" бил мешавина од разни јазици.

Кога сме кај јазикот на античките Македонци, ќе  приложиме уште еден силен доказ дека овој  јазик не бил грчки. Имено, изненадуза неупатените ќе делува фактот дека не постои ниту еден натпис на грчки јазик на територијата на цела Македонија, кој датира од петтиот век пред Христа, т.е. од времето пред прифаќањето на грчката култура во Македонија! Знаеме дека стари натписи на грчки јазик се пронајдени многу поодамна од петтиот век пред Христа, на територијата на денешна Грција, но такви натписи во Македонија - нема! Како доказ за ова ќе споменеме повеќе сведоштва на грчки археолози.

П р о д о л ж у в а

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.