Среда, 24 Декември 2014   
Од патувањата по светот – Индија (1)

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

ИНДИЈА – ЗЕМЈАТА НА СКОПЈАНКАТА МАЈКА ТЕРЕЗА

Индија е земја која кај намерникот буди и возбуда и потрага по непознатото и љубопитство и предизвик да се види што поодблизу, да се почувствува што повеќе нејзината пулсација. За љубителите на умет­но­с­та таа е трезор на древните храмови; за ет­но­ло­зите таа е земја во која се вкрстуваат повеќе религии и кул­тури, во чуден спој, виден само во Индија; за ис­то­ричарите и статистичарите таа е втора најнаселена земја во светот.

Според големиот број пишани материјали кои ги прочитавме при нашата посета, дознавме дека Индија  е држава лоцирана во Јужна Азија и го зафаќа поголемиот дел од индискиот потконтинент, опфаќајќи многу значајни и историски трговски рути. Со крајбрежје од преку 7.000 километри, Индија дели граници со Пакистан, Народна Република Кина, Мјанмар, Бангладеш, Непал, Бутан и Авганистан. Шри Ланка, Малдивите и Индонезија се одделни островски нации. Индија е втора земја по број на жители во светот и седма по географска големина чиј главен град е Њу Делхи.

Како дом на прастарата цивилизација на индиската долина и област на историските трговски патишта и пространи империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја. Четири од главните религии во светот: хиндуизмот, будизмот, џаинизмот и сикизмот, потекнуваат од тука, додека зороастризмoт, јудаизмот, христијанството и исламот, пристигнале на тие простори во првиот милениум пред нашата ера и го оформиле регионот на разновидни култури. Постепено, припиена од страна на Британската-источноиндиска компанија од почетокот на XVIIIвек била колонизирана од страна на Велика Британија восредината на XIX век. Индија станува независна држава во 1947 година, по борбата за независност која била одбележана како ненасилен отпор предводен од Махатма Ганди.

india-1-1

Индија е федерална уставна република со парламентарна демократија што се состои од 28 држави и унија на седум територии. Составена е од плуралистичко, повеќе јазично и мултиетничко општество, Индија, исто така, е дом на разновиден жив свет во најразлични заштитени животни средини. Индиската економија е единаесетта по големина светска економија и четврта по големина од паритетот на куповната моќ. Од воведувањето на пазарната економија и економските реформи во 1991 година, економијата на Индија станува една од брзо растечките економии во светот, но, сепак, земјата продолжува да се соочува со сиромаштијата, неписменоста, корупцијата и предизвиците поврзани со јавното здравство. Индија е класифицирана како една од ново индустријализираните земји. Таа е шеста држава во светот „де факто“  држава со нуклеарно оружје и е трета по големина вооружена сила во светот, а нејзините воени трошоци се рангирани на десеттото место во светот. Индија е регионална сила во Јужна Азија.

Оваа земја имала значајна улога во историјата на светот, бидејќи била место каде што се развивале четирите најголеми стари цивилизации кои биле центри на трговијата и големата владетелност. Во Индија се развивале три големи религии: будизам, ламаизам и хиндуизам, а и исламот оставил неизбришлива трага. Цртежите од каменото време сведочат за постоењето на Индијците. Остатоците од првите населби во Индија се стари 9.000 години, а луѓето најчесто се населувале по долините на реките Инд и Ганг поради поволните услови за живот. Оваа земја имала неколку владетели кои биле од различни религии и на различен начин придонесувале за нејзиниот развиток.

Индија е држава која се протега на југ од Хи­малаите, преку рамничарскиот дел на Индискиот По­луостров, до Индискиот Океан, а на исток од Ара­бис­кото Море до Бенгалскиот Залив и реката Ганг. Ин­­дија е земја на монсунските дождови, на старата ци­­вилизација, земја на богатството и, конечно, на нај­­сиромашните на планетата Земја.

Првите староседелци биле Дравидите кои жи­­вееле од IV до VI век пред Исус Христос, потоа од север дошло племето Аријци, кое со Дравидите војувале повеќе од илјада години, до нивниот пораз. За оваа вековна нетрпеливост и омраза меѓу овие два народа се напишани многу легенди, особено во ари­ев­ските верски книги, а подоцна и во Ма­ха­бха­рата и Рамајана, светски познатите дела на сан­скрит­ски јазик.

Индија има бурна историја, почнувајќи од пред на­шата ера до денешни дни. Богатството на Ин­дија како што е зачинот, златото, слоновата коска и скапоцените камења, привлекувало голем број  ос­војувачи уште од древни времиња. Еден од нив бил персискиот цар Дариј I, кој успеал да ја покори Индија и да го формира држава која ја нарекол Пенџаб.

india-slon
Слонот – симболот на Индиците

Продолжува

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.