|
|
Тргнати сме да се биеме за Македонијата или слобода или смрт, трето нема |
ПИСМО ОД ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ ДО ДЕСПОТ БАЏОВИЌ (1878 година) “Предраг мој Деспоте, Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Кузман и му писах да дојде тука и да собери колку што може поголема чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за ошчо сме тргнати да се биеме за Маќедонијата. И не само азе, туку всите верувахме и бехме готови да умреме: или слобода или смрт, трето нема. Ама не било така. Едно мислел волкот, а друго увчарот. Неколку дена напрет дјаду владика Натанаил ми даде едно твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш Деспоте, како искаш добруволец и ветиш 1000-2000 добруволци. Тоа јет убаво и преубаво. Ама азе ќе тиречам да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешто лошо. Ту Болгарите се подигравает сос нас и вратат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаила, куј што е Маќедонец, ама повеќе тегли на болгарско. Да ти кажам, еве сос чети чекаме толкоз време да врвим ув Турско и се биеме за нашата слобода, ама не поштает. Кладоа огон и сега искат поеќе тревога пред Јевропа. Еве, мојте војници се растурају полека, а и азе немат заошто да чекам. Ако навистина имаш 1000 до 2000 добруволци, моли серпската влада да помогнит, есапам почовечки сет. Тугаш и јазе сос чета ќе дојда, а и другите чети ќе кренит и вси заедно да удрим на Турчин ут север. Писмово мое не го давај никому, да не го најдит врнокапецот Натаналил. Јави ми да зема со време мерки !” Блаже Ристовски, Ѓорѓија Пулевски, Избрани текстови..., стр. 13-14; |