|
|
Број на борби, атентати и убиени борци за време на Илинденскиот период |
По бројот на борбите, Битолската околија — најголемата во вилаетот — го држи првото место. Од 20 јули до 10 октомври, во таа околија имаше најмногу борби — 70 и паднаа најмногу востаници — 378. Борбите се распределуваат меѓу реоните вака: Цапари — Ѓавато — Смилево 9, Битолско поле и Западно Мориово 6, Крушевско 19, Демир Хисарско 8, Ресенско (Г. Преспа и Д. Преспа) 31. Последната борба беше на 20 октомври од Костурските и Прилепските чети над с. Чаништа, во Западно Мориово. Во Костурска околија од 20 јули до 18 септември имаше 17 борби: 8 во Пополето, 6 во Корештата, 1 во Кастанаријата и 3 во областа Колоња. Загинаа 83 востаници. Во Леринската околија од 20 јули до 8 октомври имаше 22 борби — 12 во неретскиот реон и 10 во ниџенскиот. Паднаа 74 востаници. Некои од борбите во Леринско беа заеднички со костурски чети, а други — само оо костурски чети. Во Охридската околија од 20 јули до 28 септември имаше 31 борба: 3 во Малесијата, 20 во Горна и Долна Дебарца, 7 во Ортакол и 1 во Дримкол. Загинаа 118 востаници. По загуби Охридската околија доаѓа по Битолската. Во Кичевската околија од 20 јули до 27 август имаше 10 борби; 4 во Горна и Долна Копачка, 4 во Рабетин-кол и 2 во Долно Кичево. Загинаа 64 востаници. Во целиот Битолски вилает во текот на Илинденското востание имаше 150 борби, во коишто загинаа 746 востаници. Најмногу борби имаше во јули (20—31) — 72, во август — 56, во септември 18 и во октомври 4. Во Одринскиот вилает од 6 август до 28 октомври имаше 36 борби, во кои паднаа 46 востаници. Повеќето беа во првиот реон: Мало Трновско —Лозенградско— Бунар Хисарскиот. Распределени по месеци се: во август 29, септември 5 и октомври 2 борби. Во Солунскиот вилает од 16 јули до 26 октомври имаше 38 борби, во кои паднаа 109 четници. Во Скопскиот вилает од 1 август до 1 ноември имаше 15 борби, во кои паднаа 93 четници. Динамитни атентати за време на востанието, од 20 јули до 10 октомври, во Европска Турција имаше 14, а преку целата 1903 г.— 21. За време на целиот Илинденски период во Македонија и Одринско имаше 239 борби, во кои паднаа 994 востаници. |