|
|
Поп Ставрева афера |
Битолската провала (позната и како Поп-Ставрева афера) од 1900 година е една од поголемите афери со кој се соочила Македонската револуционерна организација, а последиците од неа биле значителни, голем дел од истакнатите раководители биле уапсени и затворени, а тоа влијаело врз организациската дејност. Оваа провала била резултат на предавството на поп Ставре, кој одбивајќи да ги вложи во касата на Организацијата бараните 30 лири прилог, случајот го пријавил во полицијата. Ваквиот чин на предавство бил осуден од Организацијата, а поп Ставре набрзо бил погубен од Битолскиот комитет. Поп Ставре бил Пелагониски егзархиски архиерејски заменик и спаѓал во групата егзархиски великодостојници кои имале непријателски став кон целите и дејствувањето на Македонската револуционерна организација. Затоа можеби била грешка што во акцијата за собирање материјални прилози за Организацијата од побогатите битолски граѓани, била побарана парична сума и од овој егзархиски свештеник. Непријателски настроен кон целите на ТМОРО и навреден од уценувачката постапка на Комитетот, поп Ставре лично ја известил вилаетската власт за комитската уцена. Се смета дека на тој гест бил осоколен од неговиот сват, Влавот Таки Чона, познат османски шпион, кој веројатно му ги понудил своите услуги за незабележано известување на власта . Известувајќи ги властите за денот кога човекот од Окружниот комитет ќе дојде да му ја достави расписката за бараните пари, поп Ставре се скрил, како сомнението за предавството не би паднало врз него. Со полициската операција раководел познатиот битолски главен полицаец Саид Ефенди со помош на Таки Чона. Во договореното време емисарот на Окружниот комитет, Трифун Иванов, пристигнал во куќата на Ставрета, но, како што наведовме, свештеникот бил некаде скриен. Откако ја напуштил поп-Ставревата куќа, Трифун Иванов бил следен од агентите и полицијата. Во текот на гонењето тој успеал да се ослободи од расписката, така што кога бил фатен кај него пронашле само кама. Дознавајќи за предавството, Окружниот комитет свикал вонредна седница на која поп Ставре бил осуден на смрт. За извршување на пресудата биле определени: Трајко Петрев, Глигор Димев и Петар Георгиев. Во утринските часови, на 17 август 1900 година со револверски истрел, пред тремот на црквата св. Богородица во Битола, бил убиен поп Ставре. Всушност, на самиот чин на атентатот, поп Ставре бил само тешко ранет, а нешто подоцна подлегнал на раните. Чувствувајќи дека ослободувањето на Македонија, не е негово, туку туѓо дело, зашто се косело со бугарската пропаганда во Македонија, поп Ставре како морални убијци ги посочил Даме Груев и Тодор Луканов (Михаил Герџиков). Убиството на овој егзархиски свештеник повлекло серија апсења на припадници на ТМОРО. Така, веднаш по извршениот атентат започнале и апсења на сомнителни лица. До 21 август ст. стил 1900 година во долапите на истражниот затвор се нашле околу 42 лица. Меѓу првите бил уапсен Нале Павлев, анџија во Битола, по потекло од с. Смилево, братучед на Даме Груев. Во анот на Павлев нелегално престојувал цели 40 дена уапсениот Трифун Иванов. На 18 август во Смилево бил уапсен Груев и доведен во Битолскиот истражен затвор [1]. Во домот на уапсениот Пенџерков, властите пронашле 4 берданки. Меѓу уапсените се нашол и учителот Христо Иванов кој примал плата и од Егзархијата и од Српскиот конзулат во Битола. Плашејќи се од поголеми реакции, во тие пресудни денови, власта го ангажирала аскерот, да ги контролира битолските маала - Јени и Баир. По извесно време, над половина од уапсените биле ослободени. Во февруари 1901 година пред Битолскиот суд биле изведени:
|