Среда, 23 Октомври 2024   
23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба

images copy copy copy

23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун.

На 23 октомври 1893 година, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, шестмина Македонци ќе го направат решителниот чекор за обединувањето на сите сила на македонскиот народ во една општа револуционерна организација. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден и Крушевската република, преку НОВ и АСНОМ, преку 8 септември 1991 година, резултираа со современа самостојна македонска држава.   

Општите политички услови во кои се нашол македонскиот народ кон крајот на XIX век, во кои требал да одговори на тоа да се биде или не, поставиле пред него бројни задачи: за опстанок, за уривање на постојниот општествен и политички систем, борба за независност и за посебна државност. Развивањето на иницијативата за самоодбрана, спонтано поттикнувана од неопходноста за самозапазување, имало посебно значење за утврдувањето на свеста кај македонскиот народ дека единствениот фактор што може ефикасно да го заштити неговиот живот и имот е самиот тој.

Во суштина, настапил период кој барал прегрупирање на општествените сили на македонскиот народ за решавање на економските, социјалните и политичките задачи. Искуството упатувало кон натамошно развивање на самоодбраната, кон поврзување на поединците и групите за поефикасна заштита од сите напаѓачи врз животот и имотот на македонскиот народ.

Во есента на 1893 година бил направен и тој чекор. На 23 октомври 1893 година (стар стил) во Солун е испишана вечната страна на Македонизмот. Во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов се сретнале Даме Груев - професор, родум од Смилево, Христо Татарчев - лекар, родум од Ресен, Иван Хаџи Николов - книжар во Солун, родум од Кукуш, Петар Поп Арсов - професор, родум од с. Богомила, Велешко, Антон Димитров - учител, родум од с. Ајватово, Солунско, и Христо Батанџиев - професор, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско.

Основната тема на состанокот била идната политичка работа во Македонија и неопходноста од организирана општествена дејност во неа. По долгата дискусија, групата се конституирала како друштво со задача сите присутни да работат за неговото ширење меѓу своите познати. Ползувајќи се од условите што ги давал Солун како централно место во Македонија, во кој се собирале учители, еснафи, трговци, свештеници, за кратко време бил привлечен голем број на луѓе во новото друштво. И што е уште поважно, се дошло до сознанието дека во Македонија постојат услови за развивање на усилена револуционерна дејност. Охрабрени од тоа, во почетокот на 1894 година, организаторите по вторпат се сретнале во Солун. На дневен ред било стекнатото искуство и иднината на започнатото дело.

Според тврдењето на Иван Хаџи Николов, на состанокот се поставиле следниве цели пред новата организација: да биде тајна и револуционерна; нејзината територија да ја сочинува Македонија во географските и етнографските граници, поради што ќе се вика внатрешна; во неа да членуваат лица што се родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност. Политичката цел на организираните Македонци била: автономија на Македонија, да се чува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните слободни држави. На состанокот се решило еден од присутните, Петар Поп Арсов, да изработи проект на устав. Подоцна, кога овој Устав бил прифатен, се извршило и конституирање на новата организација. За претседател бил избран Христо Татарчев, а за секретар-касиер Даме Груев.

Данјан (Даме) Груев (1871 - 1906) како еден од основачите на Македонската револуционерна организација и нејзин прв секретар, во своите кратки спомени исто така дава драгоцени податоци за првите чекори на Организацијата.  

..Во Солун ја поминав идната (1893) година, зафатен во печатницата на Самарџиев. Таму се сретнав со стари другари: Поп Арсов, Андон Димитров (родум од солунското село Ајватово, сега член на Битолскиот суд; д-р Христо Татарчев; Хаџи Николов (од Кукуш) Христо Батанџиев (од Гуменџе, секретар на Солунската општина). Ја подновив со нив старата идеја. Се групиравме меѓу себе, заедно изработивма правилник – Устав. Во неговата основа влегоа истите принципи: барање да се примени Берлинскиот  договор. Така тој устав беше изработен според образецот на уставот од револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување. Девизата беше: спроведување на решенијата од берлинскиот договор. Создадовме тајна организација со „централен комитет“, со гранки, со членски влогови. Се предвидуваше клетва и др.Во правилникот ништо не се предвидуваше за српската пропаганда, но се имаше предвид да се предпазуваат од нејзините последици кога се освестува народот. Тоа беше бо учебната 1893/1894 година.“ – споменува Даме Груев за поставување на основите на Македонската револуционерна организација.

По 23 октомври 1893 година, спроведувањето на поставените задачи, овозможило брзо и организирано ширење на Организацијата. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден и Крушевската република, преку НОВ и АСНОМ, резултираа со современа самостојна македонска држава.  

Искуствата на лидерите на дотогашните организации, во 1990 година беше формирана ВМРО-ДПМНЕ, а во 1991 година на Референдум македонскиот народ одлучи формирање самостојна држава Република Македонија.

 

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.