|
|
НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ЈУГОСЛАВИЈА ЧЕТИРИ РЕПУБЛИКИ СЕ СОГЛАСНИ: МОЖЕ СЕКОЈ ПО СВОЈОТ ПАТ, СОГЛАСНО НЕГОВАТА ВОЛЈА. СРБИЈА И ЦРНА ГОРА - НЕ |
(Хаг, 5 декември 1991 год.) ”Најнапред, лордот (Царрингтон, н.б.) бара согласност за Главата И. (“Општи одредби”) каде е внесена точка ц) , така што покрај “слободна асицијација на суверени републики со меѓународен идентитет” е воведена и опцијата “заедничка држава на рамноправни републики од оние републики кои сакаат да останат во неа”. Четири републики се согласни: може секој по својот пат, согласно неговата волја. Србија и Црна Гора - не! Пред секој од нас е хартија со потпис на Милошевиќ и Булатовиќ: тие Главата И . ќе ја прифатат ако во членот 1. Точката ц) се исмени така да гласи: “Заедничка држава на рамноправни републики и нации кои сакаат да останат во Југославија како нивна заедничка држава”. Освен тоа , бараат да се внесе и точка г):“Во рамките на општото решение, континуитет и меѓународен субјективитет на Југославија како заедничка држава на републиките кои тоа го сакаат”. Освен за нив, на сите им е неприфатливо. Со воведувањето на нациите се обидуваат постојните и и новоизмислени “ краини” да се отцепат од матичните држави и да се приклучат кон “Југославија како нивна заедничка држава”. А кога инсистираат на “континуитетот”, искажуваат амбиција да таквата “Југославија, како заедничка држава на републиките и нациите” да остане единствен претендент не само на континуитетот и сукцесијата на меѓународниот идентитет на досегашната Југославија, туку и нејзина наследничка. Кога сите претседатели се изјаснија така како што се изјаснија, во сразмер 4:2, за збор се јави др, Костиќ:- не можете да зборувате , господине, бидејќи нелегитимно е телото со кое претседавате! ..Без право да говори, Костиќ срдито излегува. А лордот ја заклучува седницата. Нема потреба да се расправа за целината на документот би-дејќи нема согласност за Главата И. Лордот вели, после се ќе поднесе извештај до министрите за надворешни работи на ЕЗ…” С. Месиќ, Како је срушена Југославија..., стр. 306-307; |