Среда, 27 Март 2024   
Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Гоце ДелчевОпштонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш.Основното образование го заврши во родниот град, а гимназијалното во Солунската машка гимназија. Во пролетта 1892 година стапи во Военото училиште во Софија, а на 16 септември 1894 г е исклучен. и есента истата година од егзархијата беше назначен за учител во Ново Село - Штип, каде што работеше две години и целосно се посветува на револуционерната дејност.

Гоце Делчев непосредно учествува во изработката на вториот устав на ВМОРО во 1896 година, со што настапува нова, повисока фаза во развојот на македонското-ослободително движење. Заедно со Ѓорче Петров ги црта идеите, принципите и патот на внаатараешната организација. Во македонското национално-ослободително револуционерно движење, Делчев прв ја поставува политичката, националната и социјалната содржина - автономија на Македонија, правото на македонскиот народ на самостоен живот-отфрлување на експлоатацијата на чивлигарите.Во заштитата на делото, Делчев води непримирлива борба против големобугарската завојувачка политика, спроведувана од врховистичките чети и агенти, против шовинистичките пропаганди, против делбата или присоединувањето на Македонија кон која и да било балканска држава. Тој го воспитуваше македонскиот народ за смоослободување, со сенародно востание.

На Гоце Делчев му припаѓа заслугата за создавање на организацијата во Штипско, Кочанско, Радовишко, Струмичко и Кукушко. Тој ги организира и првите канали на организацијата, по кои се пренесува организационата пошта, агитациони материјали и оружје. Создава погранични пунктови во Ќустендил, Дупница, Самоков, Кавакли и други места. Се создава и курирска служба, во употреба се воведени и шифри, хемиско мастило и псевдоними. Така под раководство на Гоце Делчев се оформи организационата структура.

Револуционерните почетоци ги прави во Солунската гимназија каде се школува од 1888 – 1891 год., кога се зачленува во тајните ученички кружоци. Продолжувајќи го школувањето на Военото училиште во Софија се сретнува со Лозарите, и соработниците но и со Коста Шахов од Младата книжевна дружина, со Иван Хаџи Николов еден од основачите на ТМОРО и многу др.. Поради револуционерната активност во македонското национално движење , на кое целосно му се посветува , во 1894 година, Бугарите го исклучуваат од Военото училиште. Но, Егзархијата бидејќи нема доволно образуван учителски кадар за Македонија, Делчев се пријавува и добива место за учител. Новата позиција тој ја користи за уште пожестока работа на теренот. Во Штип во 1895 година се среќава со Даме Груев , кој и го препорачува во ТМОРО каде веднаш влегува и го дава својот недостижен револуционерен долг. Зашто токму тој ја разгранува организацијата до невидени граници, со својата пропагандна но и човечка дружељубивост насекаде, со својата итрина и осет за опасност секогаш пред непријателите. Токму тој со Ѓорче Петров ги изработуваат Уставот и Правилникот на ТМОРО. Особено е жесток кон Врховистите и Бугарските прсти во македонското дело. Кон крајот на 1901 год. со една чета трга во инспекција на Организацијата и состојбите во речиси сите комитети. Ги посетува – Радовиш и Радовишко, Неготино, Кавадарци, с. Ваташа, Прилеп, и Прилепско, Битола, Леринско, Костурско, Кајларско, Воденско, Струмичко, Горноџумајско. Тој ги согледува потезите кои ги презеде организацијата по Виничката афера за која Врховистичките прсти се виновни. На VIII-от вонреден конгрес на Македонско-Одринските друштва тој енергично во својот говор се спротивставува на Бугарските аспирации кон Македонското национално дело. Особено го критикува Борис Сарафов и неговата улога во поддршката на ваквите тенденции усмерени кон Бугарија. Уште појасен и поенергичен е на Солунскиот конгрес во јануари 1903 год. кога се спротивставува на одлуката за дигање востание велејќи дека народот не е спремен за тоа и јасно посочувајќи ги кривците од соседството за избрзувањето.Токму ова е најверојатната причина за негова елиминација пред одржувањето на Смилевскиот конгрес, кога требаше да се донесес одлука дали е или не е време за дигање на вооружено востание. Некој пресметал дека без Гоцевото силно влијание одлуката може многу лесно да се донесе. Впрочем, Делчев со својата ораторска - убедувачка моќ на Солунскиот конгрес спречил да не се донесе одлука за востание.

На 04 мај 1903 год. во с.Баница, Гоце храбро загина во борба со многубројниот турски аскер, паѓајќи на олтарот на неговата Македонија, гинејќи за слободата на македонскиот народ.

Заклетвата на ВМРО

Заклетвата на ВМРО „Слобода или смрт за Македонија“"Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи. Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме. Амин"


Границите на Македонија

Карта на Македонија(Согласно на прологот во Уставот на ВМРО, преработен на нејзиниот општ конгрес во 1925 г.)

Источната граница на Македонија почнува од устието на реката Места и оди по нејзиниот тек северно до над селото Бук; од таму продолжува низ областа Чеч, го следи водоразделот по Родопскиот венец од врвот Крушово на север и завршува на Колос Мусала.

Северната граница оди по Рила и Осогово до врвот Патерица; од таму продолжува кон запад по водоразделните височини меѓу коритото на Вардар и тоа на реката бугарска Морава, додека стигне до Скопска Црна-Гора, го следи нејзиниот срт до Качаничката клисура, продолжува по главниот Шарски венец и стига до Црни Дрим, северно од Дебар.

На запад Македонија се одделува од Албанија со планинскиот венец, кој оди на запад од Црни Дрим и Охридското Езеро, додека го опфати целиот нивни басен; границата го опфаќа и басенот на Преспанското Езеро, го следи водоразделот меѓу реката Девол и реката Бистрица и стига до Грамос планина.

Јужната граница оди по водоразделните планини меѓу басенот на реката Бистрица и тој на тесалиската река Сапатарија, стига до морето, го следи брегот на Бело Море до устието на реката Места.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.