Среда, 14 Јуни 2023   
Формирање на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на емиграцијата


Во книгата „Четврта емигрантска Македонија“ на познатиот македонски публицист и адвокат Ставре Џиков,издадена од издавачката куќа“ АЗ-Бзбуки во 2007 година, авторот посветува посебно внимание  за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, со  наслов  ФОРМИРАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ПОДРШКА НА ЕМИГРАЦИЈАТА.

cetvrta-emigrantska-makedonija-stavre-dzikov
Во првиот број на Македонска нација  се одлучивме за извадоци од овој аналитички напис.

“Југославија влезе во воена криза во 1990 година. Воениот пожар се шири од Словенија кон Хрватска најкрваво и со истгребувачка војна ја зафаќа и Босна и Херцеговина. Политичкиот, верскиот и воениотпотрес не ја оставија настрана ниту Република Македонија. Политичката емиграција не остана рамнодушна на ваквите крупни политички промени  кои ја зафатија и македонската држава. Македонската емиграција гледа  историска можност да се врати во родната татковина  за да учествува  во демократизацијата на политичките процеси во сите сегменти на општественото живеење. Драган Богдановски кој се наоѓа во Стокхолом најпрво ќе создаде  Координативен Совет на Демократската Партија на Македонското Национално Единство - ДПМНЕ. Во тој совет влегуваат: претседател Драган Богдановски, потпредседател Панко Стаматовски, Австралија и членови: Миле Илиевски и Страхил Пеев од Шведска, Јонче Трајчевски од Австралија, Борис Петков и Данчо Бојковски од САД и Стојан Ковачев од Франција.
Богдановски до Сојузното Собрание и до Сојузниот Извршен совет на СФР Југославија во Белград и до Собранието и до Извршниот совет на СР Македонија во Скопје ќе испрати на 23 јануари 1990 година барање за враќање на македонската емиграција и регистрирање на паартијата „ДПМНЕ“.

Како што пишува Џиков, барањето на Богдановски се состои во следното:„Идната вистинска демократија во Југославија не може да биде  своина само на поедини „избрани“ народи, право на вистински демократски живот има и македонскиот народ, затоа Координативниот совет на Демократската партија за македонско национално единство, од Собранието на СФРЈ, од Сојузниот Извршен Совет, од Собранието на Македонија и од Републичкиот Извршен совет, БАРА ПРАВО Деморкатската партија за македонско национално единство да се конституира ина територијата на Социјалистичка Република Македонија како македонска демократска партија рамноправно во сите права и задолженија другите паартии кои постојат во СРМ и пошироко во Југославија. Како легална партија ДПМНЕ ги бара за себе истите права што ги имаат другите паартии во Федерацијата: слобода да создава свои организации, да издава свои весници и друг печатен матерјал, да одржува јавни зборови и митинзи и со своите кандидати да учествува на парламентарни и други избори од општествен карактер...”

Со слична содржина и иста цел Богдановски  на 6 февруари (1990) ќе испрати писмено барање до Народното собрание и до Министерскиот совет на НР Бугарија.
Уште едно такво писмено барање ќе уследи до Парламентот и Владата на Република Грција во Атина, во февруари, испратено од потпредседателот Панко Стамковски од Мелбурн.
Во април (1990г), Богдановски доаѓа во Берлин и заедно со Гоце Македонски, неговиот брат Маноил Јаковлески - Мане и Стево Доневски - Мајката одржуваат прв консултативен состанок во ресторанот „Ново Скопје“ за формирање на партијата ДПМНЕ во татковината Република Македонија. Набрзо Богданаовски ќе се јави кај неговиот стар пријател Владо Транталовски во Ресен и ќе му наговести дека заедно со Љубчо Георгиевски и Борис Змејковски треба да дојдат во Минхен за конкретно договарање и активност на новата партија.

На состанокот кој се одржал во Минхен ќе се договорат за основните активности и ќе бидата разгледани програмсктие цели, изборната програма, прогласот и три брошури  од Драган Богдановски.

“ Во изборната програма ќе се понуди: “Гласајќи за ДПНЕ, Вие гласате за единствената македонска партија која на овие избори излегува со програма инспирирана од Илинденскиот заветен идеал за слободна, обединета и целокупна Македонија, самостојна и вистински суверена националнаа држава на македонскито народ. Гласајќи за ДПМНЕ Вие гласате за светиот и уште неостварениот Илинденски идеал на македонскиот народ - гласате за еден нов македонски Илинден! Програмските цели на ДПМНЕ се ВМРО-вски, тие се бескомпромисни антиврховистички, затоа граѓани на Македонија, давајќи го Вашиот глас за ДПМНЕ Вие го исполнувате својот патриотски долг кон идеалот на Вашите илинденски дедовци и татковци и така ќе придонесете македонското прашање да мрдне од мртвилото во кое го доведоа балканските освојвуаќи и домашните  македонски предавници, сегашни врховисти...

На тридневните разговори во Минхен било догворено Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ да се одржи на 17 јуни 1990 година во Скопје.

„Основачкото собрание на партијата се одржа на 17 јуни во Домот на младите „25 мај“ во Скопје. Собранието ќе го води Дијана Транталовска, записничар Биљана Транталовска која живее во Кичево, а членопви Златко Трпковски и Перо Мицевски. Професор Венко Вчков ќе биде претседател на верификационата комисија. На собранието ќе говорат Љибчо Георгиевски, прогласот ќе го прочита Борис Змејковски, додека емиграцијата ќе ја претстави со посебен реферат  Гоце Македонски од Берлин,  а со посебен поздравен збор ќе се јави Стојан Ковачев од Париз, Дане Поповски од Чикаго, Душко Дојчиновски од Сиднеј, Јордан Груев од Мелбурн, кој ќе го поздрави  собранието во името на редакцијата „Македонија“ и од редакторот Панко Стамковски од Мелбурн, Австралија. За збор ќе се јави и Стево Доневски - Мајката од Берлин, а последен ќе ги поздрави Панде Мицев, член на тајниот комитет на ОМО „Илинден“, Пиринска Македонија - Бугарија..... Во преполентаа сала се изврши избор на раководството на партијата на ВМРО-ДПМНЕ. За претседтел  на Управниот одбор и претседател на партијата ќе биде избран Љубчо Георгиевски.

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.