Среда, 12 Јуни 2024   
За Овче Поле немало гладна година

ovce-pole-180Опширното и благодатно Овче Поле допира до десниот брег на Брегалница. Овче Поле некогаш беше житницата на североисточна Македонија. Раѓаше изобилно, и покрај неподносливите летни горештини и продолжителната суша, го даваше најубавото жито, познато во трговијата со името овчеполска црвенка и едра осатка.

ovce-pole

Опширното и благодатно Овче Поле допира до десниот брег на Брегалница. Овче Поле некогаш беше житницата на североисточна Македонија. Раѓаше изобилно, и покрај неподносливите летни горештини и продолжителната суша, го даваше најубавото жито, познато во трговијата со името овчеполска црвенка и едра осатка.

Овче Поле зафаќа пространство од околу 60 километри на должина, и скоро толку на ширина. На север се граничи со дел од сушевските височини. На југ се слива со Ежово поле, кое запира на десниот брег на Брегалница под Штип. Од запад над него висат богословските возвишенија со прочуените две села Горен и Долен Богословец, скриени таму негде во китните им врвови. А на исток полето се губи низ ридовите на Ранченци, кои се и крајниот западен дел на Осогово.

Овче Поле е вистинска благодет за североисточна Македонија. Неговото плодородие е волшебно и за него смело може да се каже дека нема гладна година. Целото поле е рамно како тепција. Почвата му е силно напоена со сол. Летно време, кога земјата пука од неистрпливите горештини, солта излегува на површината на земјата во вид на бел прав. Во април и мај полето е полно со безброј стада. Има едно место Слан дол, чие име произлегло сигурно од „солен дол“, каде што почвата но и растителноста се многу солени.

Кога едно време турците правеа курбани, пред да ги заколат овните ги праќале некое време на паша во Слан дол. И кога ги колеа после тоа, месото им беше жолто и неискажливо вкусно. Есента на Овче Поле почнува рано. Кон Петковден веќе таму е студено. Зимата е кратка, но тешка. Се образуваат страшни виулици и длабоки соспи ги затрупуваат патиштата.

На Атанасовден веќе пролетта разѕвонува со своето ѕвонче, а една седмица потоа тревата е вретенила. Миндалите околу Кадрифаково и Богословец цветат, а по обилните пролетни дождови тука настанува летниот пекол. Само оние, кои биле на лето во Овче Поле, знаат што е тропска горештина. Тука скоро цело лето не паѓа ни капка дожд. Сонцето, тешко и топло, плива по едно чисто и длабоко небо и праќа огнени лачи над попуканата бела земја. По целата ширина на полето едвај се гледа по некое дрво. Тука – таму израснал по некој даб и брест и ништо друго. Но затоа во недоглед се лулаат житни ниви, на огромни правилни квадрати, кои што готват златна жетва и никој пат не се жедни за вода. Тука се раѓа прочуената овчеполска црвенка, чии што зрна се како дренки. Осатката дава леб кој има специфичен овчеполски аромат. Ржта голема за да сокрие и коњаник, а стеблата на јачменот се дебели како пилешки нозе. Многуте лозја на есен даваа грозје во изобилство, често пати оставено по лозјата оти нема доволно садови за да се прибере целото.

Благодарение на ежегодишното изобилно плодородие на Овче Поле, во некогашниот Косовски вилает не се помнело да имало глад. Во штипскиот кајмакам не се знаеше некој да се хранел или преранувал со царевица. Селата јадеа леб од буквално чисто ржено брашно. И високите јуручки села во Плачковица не остануваа без леб…

За Овчеполските работи

Никола Ристевски

www.nikolaristevski.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.