Среда, 14 Јуни 2017   
МАКЕДОНИЈА И БИБЛИЈАТА

elena-prvulesku
Елена Првулеску

Не знам колку од вас биле љубопитни, или повеќе да кажам горди, во добар смисол на зборот, да видат дека земјата од која потекнуваат неговите предци, иако ти, поради некои несреќни случаи и причини, не живееш во неа, е спомната во една света книга, и не било која книга, туку БИБЛИЈАТА, која е книга на книгите, главна книга на сите Христијани.

Тоа што ме восхитува и ме прави да се чуствувам дека сум дел од еден избран народ Божји, кој ја зачувал жива верата во Исус Христос и во Господ, и покрај сите пречки, е тоа што во Библијата, Македонија исто се појавува под ова име.

biblija

Овие работи кажуваат многу за нациналното единство и за духот на еден народ. Но да ја оставиме Библијата да зборува:

„на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!

И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието.

 Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол,

А оттаму во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град и римска колонија. Во тој  град  постојувавме неколку дена.'' (Дела: 16 – 9, 10, 11, 12)

„А кога Сила и Тимотеј слегнаа од Македонија, Павле беше подбудуван од својот дух да сведочи пред Јудејците дека Исус е Христос.'' (Дела 18 – 5)

„И откако се свршија овие, Павле науми да ги мине Македонија и Ахаја и да отиде во Ерусалим, велејќи дека: Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам и Рим.

И испракајќи во Македонија двајца од оние кои му служеа, Тимоте и Ераст, тој остана некое време во Азија.'' (Дела: 19 – 21, 22)

„А кога стивна вревата, Павле ги повика учениците и давајќи им упатства, откако се поздрави, излезе за да оди во Македонија.

И поминувајќи ги тие делови и давајќи им на учениците многу совети и благодети, пристигна во Грција.

И таму престоја три месеци. Но кога сакаше да отплови за Сирија, Јудејците направија заговор против него, тој реши да се врати преку Македонија.'' (Дела: 20 – 1, 2, 3)

И сега, наместо еден заклучок, ќе го оставам Свети Апостол Павле, апостолот на народите и на љубовта, да го каже својот благослов за сите нас:

„Прегрнете се едни други со свет целив. Сите Светци ве прегрнуваат. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и заедницата на Светиот Дух да бидат со сите вас!” (Кпринтјани: 13- 12, 13)

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.