Среда, 06 Ноември 2024   
Македонија и Македонците од Егејот - превирањата и страдањата кои крстосуваа и линчуваа во 19 век

Македонија и Македонците од Егејот - превирањата и страдањата кои крстосуваа и линчуваа во 19 век

Македонија и МакедонцитеВо ова време, Македонија е мета на бугарската и грчката пропаганда, за нешто подоцна да се јави и српската пропаганда, кои од Македонците сакаа да направат Бугари, Грци и Срби. Делумно, во тоа и успеаа. Антимакедонските пропагатори ни презентираат книги од странски патеписци кои нашле Срби, Грци и Бугари во Македонија; многу од нив никогаш и не ја посетил Македонија. Никој од пропагаторите не нашол историски извор каде стои дека некој патеписец разговарал со Македонци и тие рекле дека се друга националност, а не македонска. Но, затоа сите оние кои биле во Македонија и дискутирале со Македонците за нивната народност, тврдат дека во Македонија живеат Македонци.



Најрано започнува руската пропаганда, уште во 40те години на 19 век, чија цел била создавање голема Бугарија, која потоа би станала само една руска колонија и целосно управувана од Русија. Во голема Бугарија, требало да влезе и Македонија, а за сето тоа да биде на доброволна база морале да се фабрикуваат синтетички Бугари во Македонија. Во тоа време, во Македонија немало никакво бугарско национално чувство. Затоа, русите почнуваат да го неметнуваат термиот бугар како општословенски, за што постајат многу историски извори. Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства (пред се Робевци (власи) и Лазаревци од Битола) да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци (Офейков, Материали за българското възраждание в Македония, София 1885 г., стр. 441). Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински кој работел на создавање Бугари во Македонија, па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчета“, а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација.

Русија не застанала само на тоа. Почнала се повеќе Македонци да испраќа на бесплатно школување во Русија. На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина; еден од нив е Партенија Зографски (Филип Томов, "Живот и дейност на Хаджи Партения". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35). Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија и својата епархија ја става во унија со Ватикан.


Цела Македонија ја крстосувале руски тајни агенти; толку многу биле зафатени со убедување на Македонците да се приклучат кон бугарската држава, при што се забележани и вакви сведоштва за нивните убедувања упатени кон Македонците „ако останете надвор од Бугарија, вашата земја (Македонија) ќе биде полоша од она што беше порано, но ако се приклучите кон нас и нашата кауза, ќе ги добиете сите добра кои произлегуваат силно кралство, под руска заштита (Edward B. Barker British Museum, London, Dmss Layard Papers, Vol. LXXXIX Addd. 39.019, 186-187).

Но, бугаризацијата и елинизацијата на Македонците немале голем успех. Македонскиот учен Кушев вели дека „не можат целосно од корен да ги сменат чувствата на Македонците дека се Македонци“ (вестник "Maкeдонiя" Истанбул, Nbr. I, од 01/28/1867).

Бугарскиот социјалист, Георги Бакалов, за националност на Македонците вели „во селата во Македонија, ако сретнеш селанец што говори словенски и припаѓа на православната религија...деветорица од десет од овие луѓе и покрај што се предмет на пропагандите на трите соседни држави, ќе ви одговорат на прашањето што се понационалност, дека се МАКЕДОНЦИ“ (Георги Бакалов, "Претендентите на Македония", стр. 22, Варна 1890 г.).


Атанас Б. Шопов, секретар на бугарскиот Егзарх и шпиун во Македонија за националното чувство на Македонците во 1885 г. пренесува: „Па дури ни денес, во 1885 година кога Европа би побарала македонското население да се определи и да каже на која народност и припаѓа, уверени сме, дека поголем дел од Македонија ќе ни летне од раце, со исклучок на две - три околии од северна Македонија . Сите други Македонци се готови да дадат каков сакаш пишан документ дека тие не се Бугари.....” (Офейков (Атанас Б. Шопов ), „Македония въ време на хилядагодишнината на св. Методий“, Пловдив, 1885 г., стр. 109-110). Да не заборавиме дека тогаш, во Македонија спаѓале и делови на денешна јужна Србија. Шопов се осврнува на две пропаганди во Македонија: грчката и австриската, за која прв пат слушаме од него, додека српската пропаганда целосно ја игнорира, најверојатно не била толку експонирана. Под австриската пропаганда, всушност мисли на католицизирањето на источните Македонци од Пиринско и Егејско, кои да ја одбранат својата македонска народност од Патријаршијата и Егзархијата, влегувале во Унија со Ватикан. Еден од унијатските владики е и познатиот Партенија Зографски, папски егзарх во дојранската митрополија. Според секретарот на бугарскиот Егзарх, најголемиот број од Македонците во 1885 г. биле патријаршисти (барем тој така тврди) и се спротиставувале на бугарската Егзархија.

Стефан Веркович, босанец кој себеси се изјаснувал како србо-хрват, во неговата „Веда Словена“,со собрани народни преданија, легенди и песни од Неврокопско, Пиринска Македонија, за Македонците вели дека се наследници на антиките Македонци, Траки и Илири и дека македонскиот фолклор е целосно посветен на античките народи (Стефан Веркович, цит. дело, стр. 152). За ова дело Веркович е награден во Русија, по што по налог на руските власти, името на собраните фоклорни дела од Македонија „Веда Словена“ се менува во „Народне песме македонских бугара“.

За Веркович, народните преданија, легенди и песни ги собира неврокопскиот учител Гологанов, брат на скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов, роден неврокопчанец (пиринско) и голем македонски патриот и преродбеник. Стефан Веркович, босанец кој себеси се изјаснувал како србо-хрват, во неговата „Веда Словена“, собрани народни преданија, легенди и песни од Неврокопско, Пиринска Македонија, за Македонците вели дека се наследници на антиките Македонци, Траки и Илири и дека македонскиот фолклор е целосно посветен на античките народи (Стефан Веркович, цит. дело, стр. 152). За ова дело Веркович е награден во Русија, по што по налог на руските власти, името на собраните фоклорни дела од Македонија „Веда Словена“ се менува во „Народне песме македонских бугара“.

За Веркович, народните преданија, легенди и песни ги собира неврокопскиот учител Гологанов, брат на скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов, роден неврокопчанец (пиринско) и голем македонски патриот и преродбеник. Иако митрополит на бугарската Егзархија во Македонија, тој е жесток противник на оваа црковна формација и бугаризацијата што ја спроведувала во Македонија. Митрополит Гологанов пишува „Бугарите ја вршат најмизерната работа, го негираат Македонското име и јазик и го заменуваат со ново (бугарско), со цел бугарските господари да се прошират на туѓи територии...тоа е ново ропство, потешко од турското..турците го убиваат телото, а не духот ...Егзархијата го убива сето тоа подоцна...ние Македонците не страдаме толку од Турците, како од Грците, Бугарите и Србите кои како сакаат како волци да ја разделат намачената македонска земја...Ние македонските духовници по потекло, треба да се обединиме и да го разбудиме народот, да се отфрли странската власт, да се отфрлат дури и Патријаршијата и Егзархијата и духовно да се обединат под закрилата на Охридската Архиепископија, единствената вистинска Мајка Црква“ (Юни 22, 1891 г. Теодосий Скопски, "Централен Държавен исторически архив" (София) 176, oп. 1. aрх. eд. 595, l.5-42 - Razgledi, X/8 (1968), p.996-1000).

На 01.12.1891 г. Теодосиј оди на радикален чекор, само за да го спаси македонскиот народ од Бугарите и Грците, па бара Унија со Римокатоличката Црква. Во неговото барање за унија со Ватикан до Папата Лео XIII, Митрополитот Скопски образложува: „во името на целиот македонски православен народ...историското право на македонски православен народ да се ослободи од јуриздикцијата на странските цркви- бугарската Егзархија и цариградската Патријаршија...да се обнови Охридската Архиепископија...границите на Охридската Архиепископија треба да ги потврдат сегашните граници на Македонија (Archivio della S. Congregazione de Propaganda Fide - Roma: Indice della Potenza - Marzo 1892-93, Somm.XV, f.132-141). По ваквата промакедонска борба, На 11 Март 1892 г., Митрополитот Скопски Гологанов е сменет од функцијата и бугарски тајни агенти го притвараат и го носат во заточение во манастир во Бугрија (Archivio della S. Congregazione de propagande fide – Marzo 1892-93, Somm. XV, f. 132-141). За жал, денеска бугарската историографија отец Гологанов го направија блгарин, па дури ќе најдете информации по бугарски книги дека тој станал и член на Бугарската Академија на Науките 1910 г.; воедно, под закана за физичка ликвидација бил и принудуван да потпишува текстови со пробугарска содржина, исто како и Мисирков.

Бугарската Егзархија со циркуларното писмо бр. 1278 од 05.09.1908 г., испратено до сите егзархиски учители и свештеници во Македојнија, бара од сите нив „да ги избришат сите белези на македонската индивидуалност“.

За националните чувства на Македонците од 19 век пишувале и бугарските весници. Oфицијалниот владин весник „Свобода“ 13.04.1892 за дејноста на македонската книжевна дружина „Лозарите“, предводена од еден од лидерите на ВМРО и составувачот на нејзиниот устав, г. Петар Поп-Арсов, пишува:
"... Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, населена со одделно словенско племе наречено Македонци, дека таму се собрале севозможни надворешни елементи , т.е. Бугари, Грци, Срби...дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите разбојнички посегања и дека Лоза ќе и служи на таа цел! Како ви се бендисува? " (автор Д.Т. Левов, наслов "Лоза", вестник „Свобода“ бр. 6/786, Софија. 13.04. 1892).

Сведоци за постоење македонска национална свест се и извештаите на странските разузнувачки служби во Македонија. Во 1923 г. италијанскиот генерал Телини, учествувал при разграничувањето на Грција и Албанија, при што изготвил извештај за 18 македонски села во Албанија и ги представува како македонски, иако бугарскиот воен аташе во Цариград во тоа време, ген. Марков, преку италијанскиот висок комесаријат во Цариград инсистирал селата да бидат окарактеризирани исклучиво како бугарски. За ова ген. Телини сведочи: „при карактеризирањето на овие села, нарочно го користев општиот апелатив македонски, а не бугарски, бидејќи насекаде, кога жителите ги прашував за нивната националност, сите тие еднакво одговараа со зборот Македон, а кога ќе додадев Бугар, тие одговараа Македон. Јазикот кој тие го говорат....е познат под името македонско наречје...“(IDA MNRI, Документ 10628/1461 (документ бр. 103). Истовремено, високиот комесар на Италија во Цариград го информира италијанскиот Министер за Надворешни работи, г. Мусолини, со писмо од 18.09.1923 г. за македонските села во Албанија каде се вели „...селата за кои наведениот генерал (бугарскиот ген. Марков) се интересира и од самите жители се нарекуваат македонски, а не бугарски“ (IDA MNRI, папка 712 (Албанија 1919-30); DARM, KC 21, стр. 712, предмет број 3; превод од италијански јазик).

Многу од патеписците кои поминале низ Македонија биле и погрешно информирани за македонските состојби, пред се од Грците кои биле пообразуваниот слој на Балканите во тоа време и главно ги прателе странците на нивните патувања низ регионов. Во 1907 г. Allen Upward ја посетил Македонија и зборувал со македонски селани. На прашањето што тој го упатил кон македонските селани кој јазик го користат, селаните одговориле „македонски“, но неговиот грчки преведувач „македонски“ го превел со „булгаре“. За ова, Allen Upward сведочи: „селанецот не го смета својот рурален дијалект користен во Македонија ист со бугарскиот и одби да го нарече со тоа име...“ (Allen Upward, The East End of Europe, London 1908, pp. 204-205).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.