Среда, 29 Ноември 2017   
За погребот на Александар Трети Македонски постојат многу историски записи

amp
Погребната кола на Александар Македонски

За погребот на Александар Трети Македонски постојат многу историски записи. Еден од најрелевантните е на историчарот Диодор Сикулски. Во "Портал", гласник на Македонски духовни конаци, е пренесен токму преводот на неговиот напис за погребната кола на Александар

(Диодор Сикулски, I век п.н.е., Либер XVIII, 26, 27.). Преводот е на проф. д-р Љубинка Басотова. 

"Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле со миризливи материи, за да шири пријатна миризба и да го сочува телото од распаѓање;
Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја опкружувал целата надворешна страна (на ковчегот).

Над сето ова префрлиле порфирна прекривка, прекрасно извезена со злато; околу неа се наоѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил.

Потоа довлекле кола, на којашто требало да се пренесува телото; на горниот дел од колата се наоѓала златна сводеста одајаа, направена од скапоцени камења; таа била долга осум а широка дванаесет лакти.
Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од трагелафии во величина на две дланки; на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови;

На врвот имало мрежеста завеса, на којшто виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува;
На аглите од сводот, на секоја страна стоела Победа, со трофеј во рацете;

Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители; внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст, над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на коишто имало претставени фигури; овие плочи биле еднакви по величина со ѕидовите на "гробната одаја".

На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал; на неа седи Александар со убав жезол во раката; околу кралот под оружје врви Македонската гарда и Персијци, наречени "мелифори"; пред сите нив оделе војници, што го носеле оружјето;

На втората плоча била претставена колона слонови, украсени според воениот обичај; на нив, на чело јавале Инди, а одзади Македонци, со нивното вообичаено оружје;

На третата плоча се гледаат коњичките чети, коишто прикажуваат како се развива една битка;

На четвртата плоча се претставени кораби, подредени за битка;
На влезот од оваа "одаја" се наоѓале златни лавови, коишто како да гледале во оние, што влегуваат внатре; Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант;

Над сводестата одајаа над средината на сводот, на отворено бил прострен порфирен килим, на којшто била положена голема златна круна од маслинови гранчиња; кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме-навреме, како да предизвикувала молњи;

Од страните на колата, над којашто се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на коишто се вртеле четири персиски тркала, чиишто пречки биле позлатени; само оној дел од тркалата, што допирал до земјата, бил железен;

Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чиишто усти држеле копје;

Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на "одајата" , се наоѓала механичка оска, којашто, на сета оваа градба и давала рамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места;

Имало четири процепа; на секој од нив бил прицврстен четворен ред јареми; на секој јарем биле врзани по четири мазги, така што вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири; тие биле највнимателно одбрани според големината и силата. Секоја мазга на главата имала позлатена круна, од двете страни на устата им виселе по две ѕвона; околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења….

ДИОДОР СИКУЛСКИ- ИСТОРИЧАР

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.