|
|
Вистината за создавањето на грчката држава |
До 1830 година кога е призната грчката држава, Грција како организирана држава никогаш не постоела. Единствено во античко време постоеле грчки градови држави наречени полиси, кои често војувале меѓу себе. Подоцна истите биле освоени и биле во рамките на Македонската, Римската, Византиската и Османската империја. Туѓите освојувања не го потиснале грчкиот јазик, кој како трговски се наметнува меѓу народите на Средоземноморието, поради што некои Грција ја сметаат како наследничка на Византија. Инаку самата територија на Грците се наоѓа на јужниот дел на Балканскиот Полуостров и има разгранат брег на три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Оваа територија е поделена на јужна – Пелопонез, средна – Атика и Беотија, и северна Епир и Тесалија. Како планинска земја, Грција немала услови за земјоделие, па се развило сточартсвото, морепловството и трговијата. Оскудноста на земјата и развојот на овие гранки ќе овозможи формирање на грчки колонии по бреговите на Црно Море, Јадранско Море, Егејско Море и Средоземното Море. Грчката војна за независност започна дури во 1821 година и завршува во 1832 година со Цариградскиот мировен договор. Грците се првиот балкански народ кој успеал да стекне независност од Османската империја. Спорно е дали оваа независност била стекната или добиена од големите сили како сукцесија од времето на Византија според Мегали идејата. Имено стекнувањето независнот не би било можно ако не постоел конзенсуз и подршка на големите сили кои зеле учество во конфликтот – Руската империја, Кралството Франција и Велика Британија. Уште по Руско-турската војна од 1768 – 1774 година и Мировниот договор од Ќучук Кајнарџа од 21 јули 1774 година, Катерина Велика го започнува првиот грчки проект, но избувнувањето на француската револуција и потоа Наполеоновите војни ја замрзнуваат идејата. Подоцна на Виенскиот конгрес, Веронски конгрес се воведува во меѓународните односи и терминот Источнот прашање, како и проблемот со наследството на болната отоманска империја. На Виенскиот конгрес во 1814 година на молбата на грофот Јоан Каподистрија и Александар Ипсиланти, Грци во руска служба, за ослободување на грчкиот народ од турското владение, претседавачот Клеменс Метерних јасно им оговорил дека "не постои грчки народ" и дека "во турската држава не се признаваат други народности освен турската". И покрај тоа, создавањето на организацијата Филики етерија започнува уште во 1814 година во Одеса, од неколку руски поданици од грчко потекло. Во 1818 година седиштето на организацијата се преселило во Константинопол, каде со поддршка на богатата грчка дијаспора во Велика Британија , САД и Западна Европа, како и со тајна помош од Русија, заговорниците планираниот бунт против султанот. Востанието против османлиското владеење беше покренато од група заговорници на чело со Александар Ипсиланти - главно руски офицери од грчко потекло, односно луѓе со воена обука и искуство. Ипсиланти на чело на вооружена група, ја преминал руската граница на реката Прут на 6 март 1821 година и влезе на територијата на денешна Молдавија. На 1 мај 1821 година таа била уништена од Отоманската војска во Галац. Во меѓувреме на 25 март избувна востание во јужниот дел на Пелопонез, што во рамките на 3 месеци го опфаќа целиот полуостров, дел од Вистинска или Централна Грција, Крит, Кипар и некои егејски острови. На 22 јануари 1822 година е свикано првото Народно собрание во Пиада (блиску до Епидавр). Грчките андарти прогласуваат независноста на Грција од Отоманската империја. Како одговор на заговорот, во Константинопол е јавно обесен за поука Цариградскиот патријарх Григориј V. Ова е прифатено со неодобрување во Западна Европа, но британската и француската влада почнуваат да се сомневаат дека востанието е само изговор кој ќе се искористи од Руската империја за да се освои поранешниот Константинопол. Како резултат од западноевропската политика настапува јаз меѓу бунтовниците, кој води до меѓусебна борба. Избувнува грчка граѓанска војна во крајот на 1823 - мај 1824 и во 1824-1825 година. Во меѓувреме,поради меѓународното мешање, султанот се обратил за воена помош до неговиот египетски вазал Мохамед Али Паша, иначе родум од Кавала, по што египетските сили, под команда на синот на Мохамед, Ибрахим Али, се упатиле кон Егејското Море. Ибрахим се истоварил во Пелопонез и се распоредува во Триполи, административниот центар на регионот. Во меѓувреме, под притисок на јавното мислење во европските држави за сочуство кон грчките борци за независност, интервенираат големите сили и исходот од конфликтот добива брзо разрешување. Во 1827 година во Лондон е усвоена конвенција во поддршка на независноста на Грција. На 20 октомври 1827 година заедничка британска, француска и руски ескадра под команда на британскиот вицеадмирал Едвард Кондрингтон влегува во грчките води и во четиричасовната битка кај Наварин, сојузниците ја уништуваат здружената турско-египетска флота. По морското борба, француските војски се истоваруваат на брегот и придонесуваат за поразот на Османлиите. По оваа победа, сојузниците не преземат понатамошни заеднички активности насочени кон целосен пораз на Отоманската империја, поради несогласувањата околу поделбата на поранешниот отоманскиот имот. Оваа помош ја искористува Махмуд II кој во декември 1827 година и објавува војна на Русија. Руско-турската војна која се води од 1828 до 1829 година, завршува со пораз на Турција и со потпишувањето на Одринскиот мировен договор во 1829 година, со кој Отоманската империја ја признава независноста на Грција. Во меѓувреме, во 1828 година, рускиот гроф Каподистрија и прв претседател на Грција на Конференцијата на островот Порос им предложил два проекти на големите сили. Според првиот проект, северната грчка граница требало да поминува на линија Волос-Сајдес, а според втората линијата требало да минува од Солунскиот залив, северно од Олимп и Мецово кон Јонско Море. Непосредно пред потпишувањето на Одринскиот мир, Каподистрија испратил предлог до рускиот цар Николај I за поделба на турската империја. Предлогот предвидувал формирање на Конфедерација од пет држави која би ја заменила Османлиската држава, а главен град би бил Цариград. Конфедерацијата би се состоела од: 1.Кралство Грција, 2.Кралство Епир со Албанија, 3.Кралство Македонија кое би се состоело од Македонија, Тракија, островите на Препонтида и егејските острови Имброс, Самотраки и Тасос, 4.Кралство на Србите и Бугарите и 5.Влашка и Молдавија. Предлог-документот на грофот Јоан Каподистрија, за формирање на пет нови држави по отстранување на турската власт на Балканот, бил разгледуван на итна седница на Вториот комитет на рускиот цар, но поради несогласувањата на сојузниците, бил одбиен. На 3 февруари 1830 година во Лондон беше потпишан Лондонскиот протокол, според кој официјално беше признаена независноста на Грција и од меѓународната заедница. До средината на 1832 година се случи и демаркација на границите на новата европска држава. Многу историски факти долго време беа криени од јавноста. Меѓутоа, вистината кога тогаш ќе се појави на виделина. Пред неколку години, по повод независноста на грчката држава, на интернет мрежата се појави документарен филм со нови факти кои ја шокираа грчката јавност. Според пишувањето на Сотир Гроздановски, во документарниот филм за историските настани кои доведоа до стварање на денешната грчка држава по прв пат со името Грција, водителот на грчката ТВ СКАЈ во својот вовед ќе каже: „На 27 септември 1831 година на главниот пат за Нафплиос - пристаниште и прва грчка престолнина, беше убиен Јоанис Каподистриа, првиот претседател на новата грчка држава. Со неговото убиство земјата ја зафати нов бран на граѓански воини. Набрзо потоа стана јасно, дека сите напори на грчкиот претседател да створи нова функционално независна и при тоа снажна држава останаа само желби. Излезе на виделина, дека Грците не се кадри да имаат држава, а камоли со неа успешно да владеат.“ По оваа најава дека Грците не се кадри да имаат држава, тој ќе продолжи: „Гледајќи од страна што се случува на овие простори, европските сили веќе им најдоа лек на несложните Грци. Само требаше да се изнајде идеологија и лидер кои би ги обединил. И така и' дојде времето на монархијата и стварањето на првото грчко кралство. Картите беа фрлени на маса и потоа отпочна играта како следи.... “ (продолжува) |