|
|
Балкански сојуз – разгледници издадени за време на Првата балканска војна |
Разгледници од серијата „Балкански сојуз“, „У слози је спас“ издадени за време на Првата балканска војна. На разгледниците Цар Фердинанд I, Бугарија (26.02.1861 – 10.09.1948) Роден во Виена како Фердинанд Максимилијан Карл Леополд Марија од Сакс-Кобург и Гота, бил владетел на Бугарија од 1887 до 1918. Потекнувал од династијата Сакс-Кобург и Гота, која преку брак или преку директен избор во XIX и XX век била на чело на неколку европски држави. Никола Петровиќ, Црна Гора (19.10.1840 – 2.3.1921) Никола I Мирков Петровиќ Његош е роден во Његуши Црна Гора, бил кнез на Црна Гора (1860—1910) и првиот и единствен крал (1910—1918). Петар I Караѓорѓевиќ, Србија (11.07.1844 – 16.08.1921) Петар I Караѓорѓевиќ бил крал на Србија од 1903 до 1918 година и крал на кралството на Србите Хрватите и Словенците од 1918 до 1921 година. Георги I, Грција (24.12.1845 – 18.03.1913) Георги бил првиот крал на Грција од династијата Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург, син на данскиот крал Кристијан IX. Кога данскиот принц застанал на грчкиот престол, тој имал само 17 години. Во 1867 година Георги I се оженил за Олга Константиновна (1851-1926) од руската династија Романови. |