Среда, 01 Август 2018   
По Илинденската епопеја

Ilinden2

По временото задушување на Илинденската револуција, Струшкиот комитет на ВМРО презел низа мерки за да им помогне на оние села што најмногу настрадале. Комитетот ја спроведува во дело замислата за самопомош на македонскиот народ, што се покажа побрза и поефикасна отколку средствата давани од разни пропаганди. Помош даде и црквата Св. Ѓорѓија. Во записникот од седницата на управата, одржана на 31 август 1903 година, се гледа дека "во таа година (додека беше питроп Теодосие Голабов - бм) (црквата) имаше чист приход од 20.258 грошеви… што беа употребени за платите на учителите, певците (псалтите), слугите и за милостина". Под милостина се означени средствата дадени како помош на бедни семејства од загинати револуционери.

Во месец октомври 1903 година уште еден настан ја потврди револуционерноста на жените во Струшко. Мартиница, од селото Јабланица, членка на ВМРО, застрелала еден однароден предавник и турски шпион. Турските власти ја фатиле, ја врзале и ја префрлиле во централниот затвор во Битола. Мартиница не се смирила со судбината, туку успеала да избега од затворот, со помош на други затвореници. Настанот ја изненадил битолската полиција, која не успеала да и влезе во трагата. Мартиница живеела илегално и продолжила да работи за Револуционерната организација.

Струшкиот комитет на ВМРО навистина бргу ја обновил револуционерната мрежа на територијата. Во проретчените раководства на селските ксмитети влегле нови и помлади луѓе. И женските групи на Организацијата биле проширени и зголемени со нови членки.

Новоживнатата српска пропаганда во Струшко продолжува да создава пречки за нормалната дејност на ВМРО. Иако многу слаба, таа не се откажува од тој реон. Нејзините агитатори врбуваат приврзаници дури и меѓу членовите на Револуционерната организација, што доведе до подготвување убиство на војводата Ставре Гогов, којшто се пројавил како голем непријател на врховистите, и на сите странски пропаганди, чии цели беа денационализацијата на Македонците. Платеникот тешко го ранил војводата, но тој сепак оздравел по неколку седмици и продолжил да дејствува во реонот. Тоа станало во 1906 година. Истата година турските власти го убиле мошне активниот соработник на ВМРО свештеникот Петре од селото Вевчани. Тоа убиство предизвикало голем револт кај населението, а комитетите го исползувале за позасилена агитација меѓу Македонците и меѓу пријателите муслимани.

11 април 1907 година, македонски борци од неколку чети се собираат во Вевчани на советување. Во селото имало над 350 куќи, со над 3.000 жители. Пристигнатите чети биле под раководство на војводите Ставре Гогов и други. Турските власти ги откриле. Во селото пристигнале турски воени еддници, придружени од башибозуци од Лабуништа, Октиси и Подгорци. Војводата Гогов загинал опкружен во една самечка камена кула.

По Хуриетот, 1908, младотурската власт побарала Македонци од Струга за служење во турската војска. На мнозина им биле врачени покани, за да се јават во определена единица. Тогаш баба Парушка, од Струга, сама префрлила 190 Македончиња од градот в планина каде што и се придружиле на четата на Петар Чаулев (кој се засолнил повремено во Албанија).

Две години потоа, на 5 мај 1910 година, Македонците во Струга одржале градско годишно собрание за разгледување на некои културно-просветни проблеми. Присутните избрале црковно-училишен одбор од редовите на поактивните стружани. Сите избрани биле мирјани. Одборот, покрај другото, предложил да се изгради нова училишна зграда во Струга, зашто старата била дотраена. Граѓаните ја прифатиле иницијативата и почнале да внесуваат доброволни прилози.

Монографија "Струга и Струшко"
Д-р Душко Константинов, Струга 1970.

 

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.