Си беше еднаш една држава, Социјалистичка Република Македонија, во границите на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Нејзините Македонци ги учеа дека нивните предци се „Словени“ и се доселиле од зад Карпатите во шестиот век по Христа. Го препливале Дунав со трски в уста и дошле како „Алиса во земјата на чудата“ во земјата викана Македонија. „За да не ги поистоветуваат за Срби и Бугари,“ како што велеше еден постар Претседател, „се нарекле Македонци, според името на земјата што ја населиле Македонија“. Натаму велеше, „ние не сакаме да го присвојуваме културното и историското наследство на античка Македонија и на Александар Велики“.
За историјата на Македонците и на Македонија надвор од актуелните граници на државата Социјалистичка Република Македонија речиси и ништо не нè учеа. Поточно, цело време не лажеа, или поточно речено, криеја од нас. Затоа, од родина или татковина, од Македонија ни направија железничка станица со билети во еден правец, по народната „роди ме мајко да заминам, в туѓина да одам и никогаш повеќе во Македонија да не се вратам“. Арно ама, откако таа поранешна СФРЈ се распадна, Македонија како Република, во актуелните граници, стана самостојна и суверена држава, е тогаш, јужниот сосед веднаш, таква каква што вештачки Англија и Франција ја создале во 1831 година, започна невидена агресија со барање за промена на државното име на последната возобновена Македонска држава - државата Македонија. Наводно името претставувало иредентистичка аспирација за дел од јужната државна територија, иако сè до окупацијата во Првата и Втората Балканска војна во 1912-1913 година Атина била само до Олимп планина, под Беломорскиот дел на Македонија! И како што нашиот народ вели „секое зло за арно “, така и агресијата од страна на јужните врз Македонија со геноцидното барање за промена на државното име Македонија, во услови на комуникациска глобализација, го разбуди генот кај Македонците за да им вратиме за генезата на темата Македонија, од дедо Ное што би рекле, до денес. И бидејќи во основата на човекот е да открие кој е, од каде доаѓа и каде оди, така и ние, дојдовме до темата Македонија, до белата раса, до соѕвездието Сириус и Атлантида како прататковина на Македонија. Натаму приказната продолжува:
Божјиот ген кај нас Македонците, со природно и неотуѓиво право на темата Македонија, не создаде ексклузивитет. Токму поради тоа што големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, ние Македонците, како древна цивилизација, еднострано дури декларираме, дека културата и историјата на Македонија не се наше ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси. Затоа и не нè иритираат декларациите и на Белград и на Софија и на Атина и на Тирана, дека Македонците се Срби, Бугари, Грци, односно Албанци. Впрочем, ако Македонците се и Срби и Бугари и Грци и Албанци истовремено, одговорот е сосема логички и Србите и Бугарите и Грците и Албанците се Македонци. Бидејќи основата и на Србија, Бугарија, Грција и на Албанија е Македонија. Е тогаш, разликите во читањето на историјата и разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации, кога сите се повикуваме на исто културно-историско наследство, не треба да нè разединуваат и да бидат повод за војна, туку напротив, треба да нè обединуваат и претставуваат фактор за мир, толеранција и коегзистенција, разбирање и сожителство. Точно е дека народот- тоа е јазикот, но не секогаш јазикот е декларација за етничкото потекло. Особено поради фактот што етнологијата денес не претставува чиста генетика, туку пред се култура. Оттука, таканаречените држави-нации Србија, Бугарија, Грција и Албанија околу Републиката Македонија, или на земјата Македонска, иако добиле суверени од западните кралски династии, можеле да ги одржат единствено со силни авторитарни и диктаторски режими. И не случајно западните сили за цело време од создавањето, во овие нови- нации држави (по логиката раздели па владеј, секому дaле од Светата земја Македонија, поддржувале диктаторски режими и воени хунти. Затоа и се случи, кога падна комунизмот во Бугарија и режимот на Тодор Живков, граѓаните го запалија Парламентот во Софија.
Кога падна комунизмот во Албанија и режимот на Енвер Хоџа, граѓаните ги ограбија касарните и полициските станици.
Кога падна комунизмот во Србија и режимот на Слободан Милошевиќ, граѓаните го запалија Собранието во Белград.
Затоа што не ги чувствуваа тие држави за свои. Она што се случуваше во Грција е само бумеранг на една историска вистина. Отпорот кон униформата (војничка или полициска) како синоним на воената хунта и на државниот терор врз слободата и правата на граѓаните.
Кога Грција би се разложила по етничка основа, ќе констатираме дека во неа има сè само Грци не!
Македонците, Власите, Албанците, Турците, Ромите, Ѓупците, сите заедно во Грција се неколкупати повеќе од малцинството темнокожи во Атина доселени во времето на Александар од Етиопија и субсахарска Африка. И ете, кога во такви услови сакате да создадете држава Грција, земја на митологија без историја, доаѓате до заклучок дека таа територија не може да се одржува и управува никако поинаку освен со државен терор и диктатура.
Затоа Грција е последниот бастион во Европа на антимакедонизмот, ксенофобијата, расизмот, наци-фашизмот, сета декаденција на злото од светот конзервирана и кондензирана на едно место.
Македонија, од почетокот на геноцидот врз Македонскиот народ од балканските војни 1912-1913 година, кој континуирано трае до денес, макар и конспиративно или просветителски, со пораката:
„Македонската света земја којашто Вие со крв ја окупиравте, не Ви ја продадовме, ниту Ви ја подаривме. Таа никогаш нема да биде Ваша! Чувајте ја, почитувајте ја, сакајте ја, обработувајте ја, но знајте, дека утре, кога Вашите деца ќе си играат, во секое поточе, во секоја река, под секое дрво, под секој камен, живеат духовите на нашиот древен народ Македонски. И уште нешто, не е клетва од мене, туку клетва по судбина да ви речам: наскоро, многу побргу отколку што Вие можете и да си помислите, духот на семоќниот наш Врховен Бог Македонски - Македон, ќе слета над оваа земја и со својот здив ќе ги откорне плитко закопаните коски на Вашите мртви претци и ќе ги исфрли преку Синото, Белото и Црното Море, во Азија и Африка, онаму од каде што дошле, а нашето семе како Феникс повторно ќе никне на својата света земја Македонија!“. |