Среда, 05 Септември 2018   
НА ОПШТО СОБРАНИЕ БИЛО ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕТО ЗА АВТОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

avtonomna original

РОМАНСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН:
НА ОПШТО СОБРАНИЕ БИЛО ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕТО
ЗА АВТОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. ЗА ТАА ЦЕЛ БИЛА СОСТАВЕНА ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА ОПОЛННОМОШТЕНА ДА ЈА БАРА АВТОНОМИЈАТА

(12 август 1880 год.)

“Романски генерален конзулат Но 646
31 јули/12 август 1880 г. Солун

До министерството за надворешни работи во Букурешт
Ваша екселенцио, господин министре,

По доста долго време се носи глас во Солун дека на планината Грамос, меѓу Епир, Тесалија и Македонија било свикано општо собрание на делегати од различни народности, освен Турците, а имено: Македонски Словени, Грци, Албанци и Аромани (Власи, н.б.), на кое било постањено прашањето за автономијата на Македонија. За таа цел била составена Привремена влада, ополномоштена да ја бара автономијата најнапред од Високата Порта, откако ги извести конзулите на големите сили за донесеното решение за создавање на привремената влада, натоварена са побара застапништво на силитепотписнички на Берлинскиот договор, за здобивање со автономија. Во случај на откажување, да биде повикан македонскиот народ на оружје.

Во врска со оваа вест, треба да нагласам дека кон средината на јули оваа година непознати лица им врачија на гавазите од конзулите на големите сили по еден плик, во кој се наоѓаше разгледаниот документ (на грчки јазик). Јас примерокот го добив од австрискиот колега во француски превод.

По прашањето за изворноста на документот, во конзулските средини постојат три гледишта:

1. Како собаранието, така и Привремената влада на Македонија никогаш не се состанале, документот е руска апокрифна творба со цел да го поттикне народот на востание, сугерирајќи му ја идејата за создавање на една Македонија со претстолнина  во Солун. Со тоа руската влада сака да ја искористи положбата само во полза на СлавоМакедонците и да им попречи на стремежите на Австрија да стави рака  врз патот кон Егејското Море.

2. Документот е грчко дело, кое има за цел да се искористи едно востание за насилно присоединување на грчките територии, отстапени на грчкото кралство од Берлинскиот конгрес. За присоединувањето на Епир и Тесалија кон Грција, населението на Македонија без разлика на народност, требало да биде поттикнато да учествува во барањето на своето право за автономија со оружје, така што турските сили би биле раздвоени. Крајната цел била, да биде голтната и Македонија по добивањето  автономија. Грчката влада претпочитала создавање автономна Македонија под нејзино влијание, за да може да работи на погрчување на македонското население.

3. Целата оваа работа е турска маневра против Грците. Се поаѓа од сфаќањето дека Турците никогаш не ќе се откажат од претензиите на своите провинции Тесалија, Епир и Македонија и поради тоа турската влада претпочита да компромитира еден таков план.

Јас лично, господин министре , не сум убеден во ниедна од овие три верзии. Не знам ни од каде доаѓа тој документ. Меѓутоа, од незадоволството на населението што ја населува Македонија, од движењата како отпор  против Берлинскиот договор, си дозволувам да верувам дека навистина определени здравомислечки средини од сите народности прават напори да го обединат македонското население и да го изведат од анонимност. Така здружено, македонското население ќе го оневозможи мешањето на соседните држави и ќе може со поголема доверба пред големите сили да се застапува за автономија на својата земја.

За потврда на моето мислење, господин министре, ме упатува и фактот, што слична привремена влада на Македонија се појави и на Пирин Планина. И таа на сличен начин сака да го реши македонското прашање. Меѓу овие деве привремени управи нема вообичаено напаѓање, какво што има меѓу приврзениците на Грција и Бугарија. Напротив, меѓу нив се воспоставени и извесни контакти...

Во прилог на писмово Ви испраќам...еден примерок од протоколарното решение на Привремената влада на Македонија, Но 1 преведено на романски јазик...

...Ваш, (потпис нечитлив)”

 С. Димевски, Привремената влада на Македонија..., Разгледи,  12, 1973,
стр. 173180; Љ. Лапе , Одбрани текстови..., II, стр 252253;

 

На прво место

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.