Среда, 12 Септември 2018   
Ние, Македонската колонија во Русија, веќе настапивме во одбрана на Македонија

Dimitrija_Cupovski
Писмото на Д.Чуповски до митрополитот скопски Неофит

До неговото Високопреосвештенство
Митрополитот скопски Неофит

Ваше Високопреосвештенство,

Предавачот на ова писмо, високоучениот, виден руски општествен деец, пријател на Македонците и огнен поборник за нивната слобода и независност, Василиј Василјевич Водовозов, со цел да се запознае со современата вистинска положба на Македонија во секој однос, презеде патување по неа, па затоа најпокорно го молам Вашето Високопрештенство да му укажате секаква помош.

Притоа го сметам како свој долг да му соопштам на Вашето Блаженство дека на телеграмите и писмата што Ви ги испратив не добив никаков одговор.

Зошто нема месни претставници, изразители на вистинските желби на Македонците пред европските држави и пред Русија? Та нели сега е најудобниот и последниот момент, кога гласот на оние народољупци, онаа Внатрешна организација, чијашто девиза беше „Македонија на Македонците“? Зошто не настапуваат со протести против поранешните сојузници, а сега непријатели на македонската независност?

Или можеби тие сеуште веруваат во моќта и несебичноста на Бугарија?

Па нели токму таа прва посегна врз целоста на Македонија, давајќи им на нејзините вчерашни сојузници дел од живиот македонски организам. Не е ли веќе време сега да си ги отворат очите и да настапат за нејзината одбрана? Па, Вие сте таму на местото, имате власт, имате доверба, од Вас, претставниците на народот, најмногу и се бара.

Во својот „позив“ Централниот македонски комитет и во својот „Меморандум“ обединетата македонска емиграција во Бугарија не изјавуваат јасни барања за независноста на Македонија, а се потврдуваат за тешко исполнивата желба за присоединување кон Бугарија.

Ние, Македонската колонија во Русија, веќе настапивме во одбрана на Македонија со меморандуми пред Лондонската конференција и пред сојузните балкански држави, а исто така пред руската влада. Сега почнавме да го издаваме специјалниот свој печатен орган „Македонски Глас“, чијашто задача е да се бори за неделивоста и независноста на Македонија и за обновување на Охридската автокефална црква.

Заради постигнување на нашата заедничка цел, најпокорно го молам Вашето Високопреосвештенство да ми го испрати неопходниот материјал за ова прашање заради напечатување во „Македонски Глас“.

Со молба за Вашиот архипастирски благослов, останувам Ваш предан слуга.

Д. Чуповски

14 јуни 1913 г.
С.-Петербург
Гончарнаја ул. 13

Благојче Андонов

Македонска искра

 

d.chupovski_1

d.chupovski_2

chupovski---p.-pop-arsov

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.