|
|
Извештај на италијанскиот генерал Енрико Телини-Македонски села со бедни селани |
Како член на Комисијата за разграничување меѓу Југославија, Грција и Албанија, италјанскиот генерал Енрико Телини имал задачата да ги утврди етнонационалните чувства на населението во 18-те села во реонот на Преспа и Св.Наум. Сега преминувам да одговорам на прашањата поставени во врска со овие села кои ги посетив. Бројот на куќи во секое село (потцртани со црвено на скицата) е приближно следен (бројот на населението не може да се прибере): Љубаниште - 15 куќи: македонски селани кои обработуваат чифлици на албански бегови. Конско - 7 куќи, Безмиште - 40 куќи, Горица - 30 куќи, Гломбок - 32 куќи, Сулим - 30 куќи, Пустец - 50 куќи, Лајсика - 10 куќи, Црновча - 10 куќи: бедни села на западниот брег на Преспанско Езеро населени со македонски селани, кои главно работат на имотите на албанските бегови, а делумно своја земја. Рахова - 53 куќи, Гразден - 55 куќи: во основа македонски села, но каде што училиштата и грчкото влијание имаа значајно влијание, така што тие сега се сметаат предимно грчки. Цера - 10 куќи, Трахово - 12 куќи: бедни села од видот на осумте на западниот брег на Преспанско Езеро Врник - 30 куќи: албанското и грчкото влијание се наметнаа на првобитниот македонски карактер. Лабаница - 90, Костенец - 110, Пеликат - 73, Слимица - 75 куќи: како за претходните две од полуостровот Сува Гора, грчкото влијание преовладува на првобитната македонска основа. |