|
|
ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност |
Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбата во грчкиот детски дом во градот Унцин во тогашна Чехословачка, каде што биле депортирани децата Македонци и Грци кои живееле во Егејска Македонија односно во градовите и селата во близината на југословенско-албанско-грчката граница во периодот на граѓанската војна во Грција. „Во домот има и деца од Македонска националност. Децата од двете групи (Грци и Македонци) меѓусебно не се сакаат што често резултира со караници и тепачки“, се вели во документот на ЦИА. Извор: е-Магазин Во него, се даваат и имиња на децата, меѓу кои и на осумгодишната Партизана, која била најдена од партизаните во напуштена куќа. „Меѓу децата постои очигледна желба да ги задржат нивниот грчки и македонски мајчин јазик. Тие сакаат да пејат национални песни и да играат национални игри. Чехословачкиот режим ги тера да научат Чешки јазик за да ги потисне нивните политички афилијации. Повозрасните деца и грчките наставници имаат вистински потешкотии во учењето на Чешкиот јазик“, пишува во документот на ЦИА. Во друг таен документ пак, од 1953 година се посочува дека Грција барала помош од САД да премести 50.000 Македонци од северна Грција во Југославија. „Овие луѓе им помагаа на комунистите за време на граѓанската војна во Грција и би претставувале сериозен проблем во случај на нова војна. Тие исто така би биле основа ‘Југословенска Македонија’ да бара дел од територијата на ‘Грчка Македонија’,“ се вели во документот на ЦИА. Извор: Егејска Македонија/ |