|
|
Полномоштво издадено на Димитар Наумов за да ја претставува ВМРО на Париската мировна коференција од 22 август 1919 г. |
Полномоштво издадено на Димитар Наумов за да ја претставува ВМРО на Париската мировна коференција од 22 август 1919 г. Софија, 22 август 1919 г. ЗАДГРАНИЧНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ВМРО, Бр. 138 Задграничното претставништво на Внатрешната македонска револуционерна организација му одобрува на г.Димитар Наумов, родум од Монастир1 , да ја претставува, во рамките на делегацијата составена од македонските националности во врска со мерките што треба да бидат преземени пред сојузните и здружени големи сили, за прогласување на Македонија во незвисна држава. Со оглед на тоа, му се издава ова полномоштво Претставници: А. Протогеров иТ. Александров Монастир1 - се мисли на Битола Крстју Гергинов, Цочо Билјарски, Од архивното наследство на Тодор Александров. Известувања на државните архиви, кн. 60, Софија, 1990, 229. ( објавено во зборникот ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ „СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“ документи 1919 – 1924 од Проф. д-р Зоран Тодоровски, Скопје, 2005 ) |