|
|
Егејскиот дел на Македонија станува огромен концентрационен логор |
Егејскиот дел на Македонија станува огромен концентрационен логор Холокаустот врз Македонците од Егејскиот дел на Македонија Егејскиот дел на Македонија станува огромен концентрационен логор во кој воените служби водат посебни досиеја за Македонците, вклучувајќи ги и бегалците. Грција црвените линии ги постави многу одамна. Како вели Ципрас уште пред дваесет години неговата партија се залагала за црвени линии, а за да денес се најде решение за името потребно е Македонија да ги направи потребните чекори. Меѓутоа, изгледа дека Алексис Ципрас заборава дека црвените линии не се поставени ниту сега ниту пред две децении, туку многу порано. Вековниот страв од Македонците, уште од времето на Филип и Александара Македонски, ги тера Грците да се плашат од секакво постоење на македонска држава. Формирањето на Македонија како држава на еден дел од нејзината територија, кај Грците создава уплав дека еден ден можат лесно да ја изгубат територијата на Егејскиот дел од Македонија која им е остапена на управување со поделбата на Македонија со Букурешкиот договор од 1913 година. Стравот кај Грците не потекнува од воената надмок на македонската држава, туку дека еден ден ќе мораат пред светот да положат отчет и за извршениот геноцид врз македонскиот народ. Бројни се примерите на теророт на грчките андарти, монархофашисти и грчки националисти извршени во периодот од 1904 година па се до денес извршени врз македонскиот народ. Грчкиот терор никогаш не престанал, но, настаните во Загоричани,Драгош,Крмско и Катраница ќе останат запаметени по својата суровост. Тука се масакрите во Загоричани (1905), Драгош (1907), Крмско (1944), Катраница (1944), како и за време на граѓанската војна во Грција (1946 - 1949). Во јули 1905 година грчките банди вршат масакар над македонскиот народ од село Загоричани, Костурско. Австрискиот конзул во Битола Оскар Прохаска го посетил селото по колежот и во опширен Извештај меѓу другото вели: „Грците оделе од куќа до куќа, каде што можеле да влезат, ги убивале мажите, но исто така ги убивале и жените и децата на варварски начин. Повеќе згради во кои не можеле да влезат ги разурнувале со динамит или ги запалиле. Околу 20 мажи биле врзани, одведени во блискиот дол и таму убиени. Истовремено се пљачкало, се крадело и се земале пари. На овој начин беснеела четата околу 3 часа... По нашето пристигнување, тргнавме од куќа до куќа и видовме само трупови и ранети. Вкупниот број на убиени изнесуваше 60, од кои 53 мажи, 7 жени. Исто така имаше убиено и повеќе деца.. Водач на четата бил Грчкиот поручник Георгиос Вардос Цонтос Критјанин“. Пеколот во селото Катраница не го преживееја 640 жители за време на Втората светска војна. Во април 1944 година германските окупаторски сили заедно со грчките колаборационисти на полковникот Јоргос Пулос повторно ја палат Катраница, а најголем дел од жртвите живи ги горат. Бурата траела два дена над Катраница, а очевидците велат дека тоа беше страшна кланица на мажи, жени и деца. За размерите на злосторството пишува и командантот на единица на ЕЛАС Дионисис Каранџис - Мелас кој вели: „Градчето Катраница од 1 000 куќи, откако целосно беше разурнато, откако ги изгуби покуќнините, 12 000 грла овци и кози, 1 500 глави крупен добиток, плати и данок во крв од 640 жени и деца масакрирани на најсвиреп начин.. нашите очи гледаа купишта од трупови, еден од 35 трупови, друг 67, трет 94 и уште еден од .. 125, и.т.н.. Како историчарот ќе го крсти случајот на смртта на онаа бремена жена од Катраница, која е фатена во пештерата во моментот на породувањето и откако е оставена наполно сама да ги поднесе болките од породувањето е убиена веднаш по породувањето заедно со својата рожба..“ Покрај ваквите репресалии кои имале за цел да го протераат македонското население од Егејскиот дел на Македонија, грчката власт презема и други мерки, како физички така и правни. Парадржавните грчки формации го тероризираат македонскиот народ, а од нивната воља зависат честа, достоинството и животот на Македонецот. Осомничени како нелојални граѓани на грчката држава, Македонците немаат никакви права и слободи и најчесто биле испраќани во коцентрациони логори и изолациони центри. По Граѓанската војна во Грција, во најголем дел од Егејскиот дел на Македонија е воведена вонредна состојба, а за движење во оваа „зона под контрола“ е потребна посебна дозвола од страна на грчката полиција и паравоените единици за одбрана на внатрешноста (МАИ). Егејскиот дел на Македонија станува огромен концентрационен логор во кој воените служби водат посебни досиеја за Македонците, вклучувајќи ги и бегалците. Исто така се донесуваат Закони и Декрети со кои се конфискува обработливото земјиште, пасишта и шуми кои им припаѓаат на Македонците кои учествувале во Граѓанската војна, а имотите им се давале на доселените Грци. Притисокот врз Македонците се прави со цел тие да ги напуштат своите домови и да заминат во поголемите градови во јужна Грција или надвор од земјата. Ваквата состојба трае се до 1975 година кога е укинат Законот за подрачја на „зона под контрола“. Во 1953 година, во Солун било решено да се раселат Македонците од „чуствителните погранични подрачја“, со цел да се смени националниот состав во Егејскиот дел од Македонија. Претходно грчките медиуми го припремаат теренот за ваква операција. Во написот објавен во мај 1952 година во грчкиот весник „Неа Алитија“ пишува: “…постои изработен план што го поддржуваме сесрдно . Словеномакедонците треба да сфатат дека ако сакаат да живеат во Грција, треба да се преселат на југ, а во нивните подрачја да бидат населени лица од југ. Не можат да ги поседуваат најдалечните позиции на безбедноста на Грција. Просто немаме доверба во нив...“ „Во седиштето на III воен корпус се оддржа многу значајно советување на кое... беше разгледана темата за повторно населување на пограничните подрачја, на кои владата им дава големо значење. Бидејќи, како што се поставува прашањето на безбедност, предложено е во принцип во обновените села да се вратат поранешните нивни жители, но само тие жители што се потврдија како лојални, познати со свои докажани национални чувства и убедувања. Ако во некои подрачја жителите се со антинационални убедувања, на нивно место ќе се населат подобни лица од други подрачја. Во акцијата за изградба на стамбени и др. објекти во пограничните подрачја и за репатријација и сместување на населението треба сите да придонесат, особено армијата, бидејќи се работи за прашање од безбедноста на земјата и поради тоа што се очекува во тие подрачја да се населат повеќе демобилизирани лица од нејзините редови.“ Од сето погоре изнесено се гледа дека Грција одамна ги има поставено црвените линии и дека со години наназад по насилен пат работи да го истреби македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија. Таа упорно тврди дека нема малцинства во Грција, а има развиена, модерна и голема армија која е членка на НАТО. Отука зачудува фактот дека Ципрас ја обвинува малата и воено послаба Македонија дека има територијални претензии и аспирации да се шири кон Егејот и дека тоа е поголем проблем од прашањето со името. Македонска нација |