Среда, 11 Јануари 2023   
ВМРО - држава во држава

ВМРО - држава во држава

         drzava

Внатрешната македонска револуционерна организација во Струга и Струшко развила многу поголема и посестрана дејност по пристигањето на Христо Узунов и Никола Русински, во Охридско и Струшко. Двајцата способни револуционери, централисти, имале сосем јасни концепции за тоа како треба да се одвива натамошното оспособување на македонскиот народ за вооружена борба против многувековниот поробувач. Тие вовеле тактика поразновидна од таа што дотогаш се употребувала и наложиле револуционерните чети да се движат само ноќе, уништувајќи ги трагите зад себе. Освен тоа, со строга наредба четите биле задолжени: воената обука да ја спроведуваат во недостапни планински месности; да одбегнуваат борби што би им ги наметнале турските аскери, со цел да се запази живата сила на ВМРО за решавачката битка. При топло време четите ноќевале надвор од населби, а ако се сместеле во некое село, тогаш селаните биле должни да постават свои стражи.
         И градските и селските комитети примале нови членови во борбените редови на Револуционерната организација. Целата околија била покриена co мрежата на ВМРО. Секое село, дури и најмалото, имало свој селски комитет, што го составувале: началник, секретар, благајник, селски војвода и 2-3 члена. Селските комитети, покрај тоа, располагале со свои курири и стражари (чувари) за обезбедување на населбата од непредвидена опасност. Оние коишто не се наоѓале во чета, а имале оружје, биле вклучени во народната милиција, што влегувала во дејство само при потреба.
         Македонските селани не оделе повеќе по турските судови. Комитетите и војводите ја презеле судската функција. Комитетите на ВМРО, исто така, го забрзале вооружувањето; наредиле штедење при свадби и при други слични обичаи; забраниле девојките и жените да носат скапоцен накит; наложиле зголемување на земјоделското и на сточарското производство за производителите да можат да дојдат и до пари и до резервни количества на прехранбени продукти, неопходни за герилско војување.
         Комитетите на ВМРО во Струшко и во Охридско влегле во борба против сите видови суеверија (маѓии, баења, јасновидости и сл.). Организацијата, со помош на учителите и на други попросветени луѓе, ги присилила Македонците постепено да свикнуваат и со похигиенски начин на живеење, а и да бараат лекарска помош при болест, наместо да одат кај надрилекари, што се збогатувале за сметка на непросветените. ВМРО ја забранила нивната дејност и ги прогонувала.
         ВМРО во Струшко развива низа морални одлики меѓу своето членство, а преку него среде целиот народ во областа. Од етичките вредности што ВМРО ги всадувала и ги одгледувала, врвно место заземала борбата против омразата кон сите Турци воопшто и пазењето најстрог сексуален морал во четите и по селата. За прекршителите на последното била предвидена смртна казна. Тогаш биле дадени и напатствија како да им се парира на предавниците и на експлоататорите на трудбениците.
         Позитивните резултати биле видливи во секојдневниот живот. Четите ги исчистиле разбојниците. Населението здивнало од нивниот терор. Иако ВМРО водела борба и против суровата феудална експлоатација на македонските селани, Струшкиот комитет спроведувал и една поинаква практика во однос на чифлиците во Струшко: револуционерните чети ги штитиле чифлигарите од самоволијата на нивните господари, но исто така и чифликсајбиите од разбојничките ограбувања. Заради тоа чифликсајбиите - Албанци и Турци - бесплатно ги снабдувале четите со храна.


Монографија "Струга и Струшко"
Д-р Душко Константинов, Струга 1970.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.