Среда, 23 Август 2023   
Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

1.2.7

За „Македонска нација“ на 24 Јуни 2009 г. ги изнесе своите сеќавања сега веќе покојниот  тогаш 93 годишниот Блаже Јанкуловски, по потекло од Галичник.

За време на подготовката на Илинденското востание, вo манастирот Св.Јован Бигорски под раководството на игуменот Партениј, се одвивале активности за подготовка на Илинденското востание, која се одвивала  во координација на галичко-реканскиот револуционерен комитет.

За пред илинденските активности кои се одвивале во Бигорскиот манастир, опширно пишува Георги Трајчев во  Книга за Мијаците објавенa 1941 година во Софија.

Авторот бил мијак, роден во Крушево, кој во Галичник престојувал како инспектор по образование и текстовите ги пишувал во периодот од 1912 до 1914 година.

Во текстот посветен за Бигорскиот манастир, Трајчев ќе запише:

Манастирот меѓу другото служел и како главна база на дејствување во подготовката на комитетите. На тој начин сите села  што се наоѓале  на двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО.

Од селата се пријавиле во доволен број смели и решителни дејци. На сите нив монасите од   манастирот им  овозможиле престој а истовремено во него бил изграден  склад за оружје.

Сите  служби биле организирани од игуменот на манастирот еромонахот Партениј и монасите  Гаврил Карапела и Гаврил Руснака (кој бил и добар техничар), со  помошниците Никола и кираџијата Секула од кичевско.

По иницијатива на Партениј, монасите направиле две топчиња.

Топчињата биле подигнати и однесени со тешка мака од браќата Канчески од Галичник, дедовци на Елизабета Милевска Канческа, актуелен министер за култура.

Браќата Канчески ги натовариле топчињата и заедно со Никола и кираџијата Секула, со два здрави и цврсти коњи  со тешки маки во ноќно време  ги минале угорнините над манастирот Бигорски. Кога ја минувале планината  Бистра биле придружувани од милицијата  на Галичник.

Топчињата   ги носеле до  определениот  место што се наоѓало  над с.Душегубица-Кичевско.

Со тие две топчиња пред  вечерта на Илинден се прогласи во планината ,,Копачка,, Илинденското востание.

Инаку, освен мажите од галичко-реканскиот регион, коишто земале  учество во Илинденското  востание,  авторото Трајчев во книгата објавува  поддетален  список на  избраните курирки  на реонското началство во организирање на жените во целиот реон, кои исто така земале активно учество во подготовката на Илинденското востание, заедно со мажите.

Во помагање  на реонското началство и во содејство на Апостол Христов, за секоја случајност, биле составени  две месни чети само од галичани од 26 души, секоја  чета  се состоела  исклучително од синови на галичките првенци. За војвода на едната чета бил  избран  Мане Томовски, а на втората Михаил Зрзовски, меѓутоа и двете тие месни чети биле  раководени од Апостол Христов, кој ги користел и  за многу случаи, било за средби на чети од други реони, било за населување во нелегални куќи, пренесување на оружје, собирање на алишта, пакети храна и др.

Сите жени од Галичник во понеколку групи биле свикани  во црквата св. Петка  наводно дека  ќе има вечерна служба.  По што секоја група беше подложена на клетва и  едновремено им се објаснуваше какви задачи тие ќе исполнуваат по заповедта на своето начелство.

После тоа биле избрани стотарки и десетарки, така што секоја група се потчинувала директно на своето началство, а општо сите стотарки се состанувале со својата началничка Васевица Чоланчевска која пак влегувала  во врска и ги исполнувала наредбите на галичко-реканското револиуционерно началство.

Од 15 август 1902, до 20 јуни 1903 год. горе избројаното управувачко тело заедно со сите свои органи пројавиле  големи активности  во организационото однесување и во собирањето  на облека и пари. Собраните пари  ја надминала бројката од 560 златни наполеона кои се чувале  кај благајникот  поп Амвросија, кои истовремено се трошеле  за потребите  на организацијата. На Конгресот  на 23 април 1903 год, што се одржал  во с. Смилево, било донесено  конгресно решение, галичко-реканскиот реон да остане легален орган и по  објавувањето на востанието, за да може доколку силите му дозволуваат да биде на располагање  на Кичевско револционерниот реон, за да му ги доставуваат сите неопходни потреби како: храна, облека, пушки, патрони, медикаменти од една страна а од друга, во случај на напад на турските војски во кичевскиот реон да можат четите од кичевско да се префрлат во галичко каде ќе бидат скриени.

Истовремено се водело сметка, ако мирното население од кичевско и Демир Хисар останат без покрив, да бидат населени во галичките села, кои биле  печалбарски села, со масивни трикатни и двокатни куќи.

Во тие конгресни решенија галичко-реканскиот револуционерен комитет сакајќи  да земе активно учество во предстојното сенародно востание во западна Македонија, реши со согласност на војводата Јанаки Јанев, кој што го испрати помошник војводата во  Софија, од каде требаше да набави оружје, да собере и да оформи поголема чета на заинтересирани емигранти од Бугарија родум од галичко и дебарско, и со таа чета да може да пристигне за време на летото 1903 година за да може со четата да учествува во  галичко-реканскиот реон .

Во исполнување на тоа решение, помошник војводата Максим Ненов родум од село Тресонче по занает уметник-иконописец, веднаш со радост ги фрлил четничките алишта,  ја избричил брадата, се облекол во цивилни алишта, набавени од галичко-реканскиот комитет со најнеопходните средства за исполнување на целта и бил испратен кај цивилни кираџии во Скопје, Куманово, Паланка...

Максим Ненов доблесно си ја исполнил својата должност. Тој пристигнал во Софија и  материјално потпомогнат  од целата дебарска колонија и од галичко-реканците  во Софија, организирал своја чета од 40 души емигранти и тргнал за својот роден крај. Меѓутоа на 29 мај 1903 год. на планината Голак, на врвот Чавка, бил обиколен од турска војска, со која се судриле  и  четата му била разбиена, а самиот Максим Ненов бил убиен.

Преживеаните борци на четата  успеале да пристигнат во Крушево  и зеле  учество во Илинденското востание.

 3333

Киро Кипроски

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.