Среда, 18 Септември 2024   
До господин Претседател на Илинденската организација

1unnamed

Софија 7 ноември 1932 година

Почитуван господине Претседателе,           

За време на Конгресот на Вашата организација, како чедо на многустрадалната Македонија, отидов кај г.Стефан Аврамов, од кого, како секретар на Конгресот, сакав да дознаам за решенијата на Конгресот. Последниот меѓу другите ми најави дека Посмртната каса на организацијата не располага со суми, за да ги плаќа посмртните дела на починатите илинденци.

Во поглед на тоа што илинденците кои сега останаа, сẻ откажаа од домот и огништето, од сите земни материјални добра и станаа ѕидари за градење на Македонското ослободително движење, јас дознавам дека тие останати живи илинденци се без секакви средства за преживување а камо ли да се отчитат пред својата организација.

Затоа ние останатите нивни сонародници живеејќи во слободна Бугарија,кои сепак имаме од што да преживееме, сме должни да им притекнеме на помош на тие наши национални херои кои се бореа за родот на Татковината.

Имам нескромна чест од мое име  и од името на мојата сопруга Лујза Д.Станишева, да Ви предложам една скромна сума од 15,000 лева во полза на Посмртната каса, која Ве молам да ја примите, имајќи предвид, дека тоа го правам со искрена желба, да тој мал придонес биде последен од мнозината наши сонародници, кои имаат поголеми средства. Овој придонес кон Посмртната каса да биде последен од многу такви придонеси, зошто Илинден  и Илинденците ќе заминат во историјата на нашето мало племе борбено, вивнато во историјата.

По читање на писмото и примање на дарот, Претседателот на Раководното тело, искажа благодарност на сите илинденци за благородното дело, а на 14 овој месец ноември, Раководното тело ги прогласи г.Димитар М.Станишев и неговата сопруга, Г-ѓа Лујза Д.Станишева, за почесни членови на Илинденската Организација.

Странски мислења за Мијаците

Интересно е да го слушнеме зборот на другите наши следбеници, кои го посетиле Галичник за време на окупациониот период (1916-1918г).Таков еден посетител бил г-дин професор Мијашков.

Еве како кажа г-динот професор за Галичник.....„Беше еден од првите денови на август 1916 година, кога рано наутро, испратен најсредчно, тргнавме со коњи од Гостивар за Гличник,патувавме низ букова и дабова шума.Пред нас се простира една долина, заградена од сите страни со стрмни возвишенија.Се спуштаме надолу и навлегуваме во една грамадна природна ливада.Неколку стада коњи, зачудено и неспокојно погледнуваат накај нас,тоа се Галички коњи на слободна паша. Ние сме многу близу до Галичник, но ништо не подсеќа на тоа, дека тука има некакво големо село.Одеднаш пред очите ни се открива една поразителна панорама, една карпа, која никогаш нема да ја заборавам. Во расцепот на една грамадна увала одеднаш се појавува градот со своите бели двокатни и трокатни куќи, распространи амфитеатрално наредени една врз друга.Градот наликува на орлово гнездо, прикриено меѓу скали. Во еден миг низ перипетиите на минатото, бугарското племе, гонето постојано од турци и албанци, тргнало да бара прибежиште во дивите планински Усои.

Влегуваме веќе во градот а по вратие и куќите се наредиле жени и деца.

Но какво изненадување! Наместо печат од петвековното угнетување, јас посматрам горди претставници на една раса, која нема да дозволи да биде скршен нејзиниот дух. И каква грамада.Жените имаат кршни снаги, здрави и убави лица, а одот им е горд и еластичен. Облечени во своите раскошни уметнички костими (народни носии) плод на нивниот макотрпен труд, тие даваат една посебна убавина на местото и градот.

Но најголема убавина и здравје се децата облечени во месните носии.

Пред куќата во која ќе престојуваме ме чека стопанот, заедно со неколку галичани. Тој ме пречекува љубезно, но јас сум потресен и растроен, не само од страдалната историја на бугарското племе, но и од тоа што и јас сум македонец по националност (Мијашкови се родум од с.Петеле-Леринско) но и од сомнежта дека и тој пат завештената мечта на нацијата нема да биде постигната.

Главното занимање на населението е печалбарството, каде заминуваат сите мажи од 15-60 години. Во куќите остануваат старците, децата и маш. инвалиди. Околу ⅓ од печалбарите се занимаваат со прозводство и трговија на млечни продукти во Солун, Атина, Пиреја, Александрија, Букурешт. Околу септември, секоја година тие тргаат од Галичник, за да се вратат околу Петровден, кога се случуваат свадбите. Насекаде печалбарите заминуваат од почетокот на пролетта до крај на есента. Тука се случува обратното: есента, зимата и пролетта се надвор, а во летото се дома.

 Во самиот град населението нема никакво друго занимање,  освен производство и кирајџилакот,  земја  за обработување нема.

Околу повеќето од куќите има издигнато терасички од 5-10 м2 засадени со лук и зелје. Со кирајџиштво се занимаваат околу 50 души. Извесно значење за населението има и домашната индустрија, ткаењето на волнени платна, со кое се занимаваат околу 50 семејства.

Бидејќи мијачките села се наоѓаат во блиско соседство со арноутите, изложени се секојдневно на нивните зулуми, како што се грабање и убивање. Затоа реканците прават високи куќи со дебели стени , покриени со плочи, врати и прозорци од внатре со јаки железни клучеви и дебели дрвени или железни потпирачи. Во големите куќи има скривалишта, кои се длабоко во земјата и служат за криење на скапи  домашни садови, покуќнина и луѓе.И покрај тие мерки на претпазливост, не беа ретки ноќните напади на разбојници, коишто прокопувајќи  ги стените (камењата) влегуваа во визбите од каде земаа масло, сирење, волна и др. предмети.

За да се спасат себе си,куќата и имотот, населението ангажираше стражари. Тие беа исто арнаути, кои заради добра плата, храна и други добра, го штитеа населението од разбојници. Доволно беше некој од стражарите да е познат на разбојниците за да не нападнат, со што тие би му напакостиле на својот побратим-стражарот. Таа чест за арнаутот е закон, пазејќи си, да не си направат пакост.

                               Револуционерното дело

Кичевско-дебарскиот револуционерен реон се состоеше од три подреони: 1) галичко-рекански, 2) дебарски и 3) кичевски

Галичко-реканскиот револуционерен подреон се состоеше од сите села, што ја сочинуваат турската административна околина наречена кааза, вклучително и селата од Гостиварската околија: Маврово, Леуново и Никифорово.

Центарот на околиски реонен комитет беше Галичник со псевдоним „Миродита“.

Преку месец август 1902 год.кичевко-дебарскиот војвода Јанаки Јанев и помошник војводата Максим Недов и Павле Караасан, секретар на четата Георги Свов со четниците, пристигнаа во Галичник, се сместија во куќата на Павле Стефов Хаџиевски. Во таа куќа војводите ги свикаа сите првенци на Галичник, наоѓајќи се во тоа време во градот коишто се пријавија доброволно.

Пред нив војводите им ги изложија задачите и целта на ВМРО, кои тие ја пратат (следат) и ако тие воопшто ја споделуваат и примаат и се спремни да станат нејзини членови, тие требаат да ја положат установената од уставот клетва, како што ги предупредија, бидејќи неисполнителните членови на Организацијата, по нејзиниот статут, ќе бидат казнети со смрт.

Со големо воодушевување, сите искажаа желба да станат врвни членови на ВМРО  и доколку силите им дозволуваат да работат и се борат по нејзино знаме, за исполнување на ослободителното дело, следствено на кое еден по еден станаа и по старешинство се заколнаа пред камата и револверот, после што го бакнаа крстот, ножот и револверот и се наведнаа под пушките на четниците, со кои беа овенчани.Така се случи со покрстувањето на присутните галичани, кои од тој момент го примија тешкиот крст на Организацијата и потоа се пристапи кон реонското началство на галичко-реканскиот револуционерен подреон.За такви беа избрани следните лица:за реонен началник Јанаки Томов, касиер свештеник Амвросиј П.Милетиев, советници:Васил.Хр.Чоланчевски, Иван Т.Гиновски,Павел Ст.Хаџиевски, Михаил Лакенски и Аврам Тортевски а главен курир Марко Симонов Плешка, помошници курири:Лукан Т.Плешковски,Пејчин Томовски и Томе Хаџиевски-сите од Галичник и Ефтени Цветков од с.Сушице,освен тоа се избраа курири и следните жени: Калја Спирова Чаческа,Струмла Симоница Едиковска, Велика Георгева Пулевска (отпосле убиена од аскерот за време на исполнување на должностите на Угорничкиот мост, патувајќи за Дебар),Авросица Ката Коловска, Авра Дамјаница Панговска и Дели-Софка Церговска.Последните избрани курирки послужија на реонското началство во организација на жените во целиот реон, кои исто така земаа активно учество во подготовката на Илинденското востание заедно со мажите.

Во услуга на реонското началство и со содејство на Апостол Христов за секоја евентуалност се составија две месни чети само од Галичник од по 26 души секоја една, составени исклучително од синови на Галички првенци, така што за војводата на едната чета се избра Мане Томовски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.