Среда, 30 Октомври 2024   
КОИ СЕ БУГАРИТЕ И КАКВО ИМ Е ПОТЕКЛОТО?

1kubart

КОИ СЕ БУГАРИТЕ И КАКВО ИМ Е ПОТЕКЛОТО?

БИДЕЈЌИ БУГАРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДА КРАДАТ ИСТОРИЈА И ДА ГО НЕГИРААТ ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ КАКО НАРОД, ДА ГИ ВИДИМЕ ФАКТИТЕ, КОИ СЕ БУГАРИТЕ И КАКВО ИМ Е ПОТЕКЛОТО?

Бугарите се народ кој потекнува од прабугарски турко-татарски племиња, кои од планината Кавказ се доселуваат на Балканот во 7 век, а нивниот водач - татаринот Хан Аспарух е првиот бугарски владетел кој од 679 до 681 година ја основа првата бугарска држава на Балканот, позната како Дунавска Бугарија.

Во 7 век Бугарите воопшто не го познавале старословенскиот јазик, туку зборувале на својот прабугарски (татарски) јазик.

Бугарите зборувале на прабугарски (татарски) се до 9 век.

Врховниот бог на кој му се поклонувале Бугарите бил Тангра, а нивната религија е позната како Тангризам.

Тангра бил врховен бог и на Хуните, Монголите и Алтајците.

Се до 9 век сите бугарски владетели ја носеле титулата Хан (карактеристична за Татарите и Монголите).

Во тие 2-3 века ќе дојде до мешање на Бугарите со античките Тракијци и со неколку словенски племиња кои живееле на територијата на денешна Бугарија.

И дури тогаш ( во 9 век) Бугарите ќе го примат христијанството и старословенскиот јазик, ќе почнат да ги менуваат своите татарски лични имиња со словенски.

Но тие ќе го задржат своето татарско национално име - Бугари, и татарското знаме (бело-зелено-црвена боја).

Истото знаме во иста боја (бело-зелено-црвено) денес е национално знаме на Татарите од Република Татарстан.

Првиот бугарски владетел кој ќе го прими христијанството и христијанската титула кнез е Борис Први, дури во 9 век - (864 година).

Тоа се фактите.

А денес гледаме како Бугарите се обидуваат да ја крадат македонската историја, како се обидуваат да ги претстават Кирил и Методиј како Бугари, и како сакаат да го скријат своето татарско потекло.

Најтрагично од се е што Бугарите се обидуваат да го крадат и македонскиот јазик и да го претстават како некаков старобугарски јазик.

Доволно е да се погледне нивното татарско име - Бугари, и да се види нивното татарско знаме (бело-зелено-црвено), и станува јасно кои се Бугарите и какво е нивното потекло.

Од татарското име, знаме и потекло, за Бугарите бегање нема.

Затоа Македонците никогаш не биле и нема да бидат Бугари.

1kubart

На фотографијата во бугарски музеј, еден Бугарин позира облечен како основачот на Бугарија - татаринот Хан Аспарух, а во позадина му се восхитуваат бившиот бугарски премиер Симеон Саксобурготски и сега покојниот докажан негатор на Македонците Божидар Димитров.

ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.