|
|
ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕЛОТО „ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ“ (31) |
ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ Публикацијата „Од Панонија до Егеј“, чиј автори се академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин е дело на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, издадена во 2007 година, на 196 страници и е објавена на македонски јазик. Рецензенти на ова дело се: Александар Донски и м-р Мартин Треневски. Публикацијата е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации. Покрај тоа, таа е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања да им претстави слика за праисториските случувања сочувани во митологијата и лингвистиката. Поединечната обработка на ономастиката услови и делумно повторување заради честопати испреплетената материја. Инаку, Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во XVIII век, заради изучување на општествено-политичките, културно-историските, филозофските, фолклорните и други особености на овој дел од светот. Во предговорот на публикацијата се вели дека свеста за себе и за творење се основни карактеристики како на поединецот индивидуално, така и на човечкиот род како целина. Најзначајни иновации на луѓето, како основа за формирање на историјата. Најзначајна одлика на човечкиот род е свеста (индивидуална и колективна) која има универзално значење во сите духовни активности. Затоа феноменот на свеста е еден од најстарите проблеми и централна тема на расправите од самиот почеток на филозофските мисли на Исток и Запад, кој до денес се третира низ разни митолошки, мистични и филозофски системи. Првиот научен обид за објаснување на феноменот на свеста (како најкомплексна мозочна функција) е даден од страна на Обединетите нации, каде последната деценија на XX век се означува како деценија токму на истражувањата на мозокот и свеста. Во услови на модерна информатика и будење на регионалните национализми, желбата на авторите на ова истражување е, со понирање во палеобалканскиот свет, да укажат на значењето на низата најнови археолошки, лингвистички и историски информации за едно културно наследство, кое се злоупотребува за обликување на свеста. Покрај тоа, целта е да се истакне како е родена и именувана Европа на овие меридијани и да се покаже дека палеобалканската култура претставува прапочеток, „архетип” на светската цивилизација. Овие разгледувања се комплементарни со теориите за етногенезата на разни народи на Балканот, а ја намалуваат исклучивоста на многу теории, што е предуслов и залог за опстанокот на идните генерации на овие простори. Моделот на основачот на комплексната психологија д-р Јунг, за архетипското колективно несвесно, ни послужи како парадигма во разоткривањето на таа палета на архетипското колективно несвесно по прашањето на археологијата, лингвистиката, праисторијата и митологијата од палеобалканологијата. Пишаната историја е главниот дел кој архетипски допира длабоко наназад, до појавата на човечкиот вид на Земјата. Археолозите, лингвистите и историчарите ги проширија нашите знаења за минатото за повеќе илјади години. Публикацијата од „Од Панонија до Егеј“ е поделена на четири дела. Во првиот дел се дадени географски карактеристики на Балканот и археолошки наоди од праисториските културI на Балканот. Вториот дел е насловен како „Историска реконструкција на палеобалканските и егејските популации“. Во него се дадеди материјали за: Хиперборејците (Северците) и нивните современици, потоа за народите: Бриги, Traкијци. Енхелеи, Пелагонци, Пеонци, Македонци, Еолци или Еољи, Минијци, Лапити, Тирои, Пелазги, Јонци, Минои – Крит и Киклада, Ахејци во Пелазгија, Лелези или Лелеги, Карци, Ликијци Лувијци, Лиѓани, Хетити. Во третиот дел се поместени материјали за палеоглосологијата на Балканот, ономастиката на Грција, ономастиката на Централен Балкан, како и материјали за хидронимите, хоронимите и оронимите. Во четвртиот дел е пренесена реконструкција на античкиот митолошки систем на Балканот на основа на панонските хидрономи од митолошки содржини, потоа материјалите „Олимписки Пантеон во Панонија“, „Хераклитовите патувања по Дунав“, „Еволуција на палеоглосологијата на Балканот“, “Историскиот развој на грчкиот јазик“, „Посебност на јазикот на Македонците“ и „Улогата на Скитите-Прасловените во континуитетот на палеобалканската цивилизација“. Инаку, Академикот проф. д-р Антоније Шкокљев - Дончо е еден од доблесните Македонци кој својот живот го посветил на науката, на здравјето на луѓето, на напредокот на новите генерации во областа на медицинските науки, на палеолингвистиката и на древните корени на народите на Балканот, со особена нагласка на Античка Македонија, како и на македонскиот народ и Македонија. На крајот ќе нагласиме дека публикацијата „Панонија до Егеј“ е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања да им претстави слика за праисториските случувања сочувани во митологијата и лингвистиката. Поединечната обработка на ономастиката услови и делумно повторување заради честопати испреплетената материја. Посебна значење на публикацијата е тоа што таа е дел од историјата за Македонија. Продолжува ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН |