|
|
Али Фетхи Окијар, Еден од најзначајните политички личности на Современата Турска |
Али Фетхи Окијар, Еден од најзначајните политички личности на Современата Турска држава од периодот на нејзиното формирање. Градот Прилеп е роден крај и дом на многу познати личности низ историјата. Денеска нашиот симбол е Методија Андонов Ченто, но секако нетреба да ги заборавиме и останатите негови синови и керќи. Некој од нив целиот свој животен пат го поминале во родниот град, а некои продолжиле да живеат во други градови и земји низ целиот свет, но за сите заедничко им било и останало дека се прилепчани. Али Фетхи Окијар роден е 29 Април 1880 1880 г. во Прилеп, во черкеско семејство, починал на 7 мај 1943 година во Истанбул. Али Фетхи Окијар ( Alı Fethi Okyar ) во Прилеп со семејството останува до својата осма година, а потоа се преселува во Битола каде го завршува основното и Средното воено училиште (Askeri Idadesi). Во овај период во средното воено училиште започнува пријателството и другарството со таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, кое траело до крајот на нивниот живот ( Мустафа Кемал Ататурк починал на 10 Ноември 1938 година). Али Фетхи Окијар бил човекот од доверба на Ататурк. Во одлучувачките воени и политички моменти секогаш биле заедно. Во текот на својата политичка кариера Али Фети Окијар ги извршувал следните политички и државнички функции: - Председател на националното собрание на Р. Турција, - Премиер на Р. Турција, - Министер за одбрана, - Министер за Внатрешни работи, - Пратеник во Народното собрание на Р. Турција. Али Фетхи Окијар починал на 7 мај 1943 година во Истанбул. |